Таг: вести за млади
таг: вести за млади
Шорткат: 13-годишниот Или Морина како идниот Илон Маск?
Математичкиот гениј Или Морина има само 13 години и речиси секој момент го поминува во решавање задачи по математика и физика, а помош од него бараат студенти од земјава и од странство. Тој своето знаење го споделува и на неговиот Јутјуб канал, а оние што го познаваат очекуваат да стане славен како Илон Маск. Погледнете ја неговата приказна во...
Во новата епизода на „Шорткат“ главната тема ни се идеите за справување со контаминираните подрачја
Чистењето на линданот во ОХИС, арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница и другите жешки еколошки точки може да биде и побрзо и поефикасно доколку се искористи енергетската трансформација на земјава во справувањето со контаминираните подрачја. Ова е нашата главна тема во најновата епизода на „Шорткат“.
Во емисијата за млади го третираме и рангирањето...
„Шорткат“ во Планетариумот на МКЦ – проекција на чисто ноќно небо без светлосно загадување
Во новото издание на емисијата „Шорткат“ ве запознаваме со Планетариумот во МКЦ, кој претставува место за сите оние што сакаат да научат нешто повеќе за ѕвездите и планетите. По двегодишна пауза, Планетариумот почна со работа минатиот месец, а најголем интерес за посета и запознавање со ѕвездите има од страна на најмладите. За начинот на кој се одвиваат проекциите, но...
Нова епизода на „Шорткат“: Репортажа од Чешка за тоа како може да се зачува индустриското наследство
Во емисијата „Шорткат“ неделава ја објавуваме репортажата од локалитетот Долњи Витковице, кој претставува заштитено индустриско наследство во чешкиот град Острава. Овој некогашен комплекс не е напуштен и заборавен како фабриките „Треска“, „Купром“ и Стакларницата во Скопје, туку е претворен во креативен центар што го посетуваат над 1,3 милиони лица од целиот свет.
Во денешната епизода информираме и за големиот пожар...
Малолетничките бракови во фокусот на новата епизода на „Шорткат“
Проблемот со малолетничките бракови е во фокус на новата епизода на информативната емисија за млади „Шорткат“. Согласно податоците од организациите, тие се особено чести во средини каде што живее најсиромашното население. Освен што склучувањето брак влијае негативно врз здравјето на малолетните девојчиња, тоа е и една од причините што тие престануваат да се образоваат, затоа што од нив се...
„Шорткат“: Автохтони и исклучително ретки растенија во Ботаничката градина на ПМФ
Околу 150 исклучително ретки растенија што ги има во нашата земја се наоѓаат и во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Екипата на „Шорткат“ ја посети градината и во 31-вото издание прикажува интересни податоци и факти за автохтониот растителен свет што го затекнавме таму.
Во најновата епизода на вестите за млади ја пренесуваме и веста дека со стартот...
Триесетта епизода на „Шорткат“: Заговори за климатските промени
Во 30-тото издание на вестите за млади „Шорткат“ го прикажуваме вториот дел од рубриката „Зошто (не) е така?“ каде експерти во своите полиња и познавачи на состојбите ги коментираат најголемите митови и заговори. Тема на „Зошто (не) е така?“ овојпат се климатските промени, а дали нештата околу глобалното затоплување се или не се така ни кажуваат Мила Јовановска и...
Чистењето на линданот од ОХИС главна тема во новата епизода на „Шорткат“
Почетокот на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС, но и здравствените проблеми коишто може да ги предизвика линданот, се главната тема која што ја третираме во новата епизода на емисијата „Шорткат“.
https://www.youtube.com/watch?v=NhvcfsRHlEY
Во 29-тото издание на „Шорткат“, ќе можете да се запознаете и со проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ којшто се реализира во скопските средни училишта, но...
„Шорткат“: Јавниот превоз сè помалку атрактивен за младите
Во фокус на новата епизода на емисијата „Шорткат“ е интересот на младите за користење на јавниот градско-приградски превоз, кој забрзано опаѓа. Младите го користат само затоа што мораат, односно немаат дуга опција. Доколку имаат можност за избор, пак, најголем дел од нив би одлучиле да возат автомобил. Во ова издание на „Шорткат“ ги прикажуваме резултатите од онлајн анкетата што...
Страдањата на цивилите во војната во Украина, тема на новата епизода на „Шорткат“
Над 2 милиони бегалци и 2.000 заробени странски студенти во опколени градови, загинати цивили, уништени болници и училишта е досегашниот епилог од воената агресија на Русија во Украина, за којшто информираме во најновата епизода на „Шорткат“.
Во емисијата информираме и за дискриминацијата на децата со нетипичен развој во земјава, како и за објавениот конкурс за изработка на најдобро видео на...
Згоеноста кај најмладите е централна тема во најновата епизода на „Шорткат“
Проблемот со прекумерната телесна тежина кај најмладите е главната тема во новата епизода на „Шорткат“. Покрај за неа, во емисијата можете да ги погледнете најзначајните делови од онлајн-дебатата што ја одржа Фондацијата Метаморфозис во понеделникот на тема „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“, како и резултатите од истражувањето за дискриминацијата со која што...
„Шорткат“: Човекот кој се труди да му обезбеди дом на секое куче-скитник во Скопје
Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ ја претставува приказната на Ќемал Незири од Скопје, човекот кој се труди на секое куче да му обезбеди дом, наместо тоа да остане на улица. Незири со години сам, а од лани и во својот „Happy Shelter“, ги згрижува дури и најболните, отруените и осакатените кучиња. Вели дека нема помош ниту од...
„Зошто (не) е така?“ – нова рубрика во емисијата „Шорткат“
Дали и колку можат дезинформациите да им наштетат на луѓето до кои стасуваат? Каква е улогата и што всушност работат проверувачите на факти? Можат ли тие навистина да бришат објави од социјалните мрежи? Одговорите на овие прашања ги дознаваме во новата рубрика во емисијата „Шорткат“ – Зошто (не) е така?.
https://www.youtube.com/watch?v=KNEEj6Y2qGE&feature=youtu.be
Во оваа рубрика која ќе се емитува еднаш месечно ќе...
Проблемите со кои се соочува ски-центарот Попова Шапка, тема на „Шорткат“ неделава
Проблемите со кои се соочуваат посетителите на зимскиот туристички центар Попова Шапка се главната тема во најновата епизода на емисијата „Шорткат“. Покрај репортажата од Попова Шапка, носиме информации за прогласувањето на Е-спортот за официјален спорт во Македонија, но и потсетуваме повторно на проблемот со загадувањето со арсен во селата Лојане и Табановце.
https://youtu.be/5VpxK-mS4lM
Во новата епизода на „Шорткат“ информираме за тоа...
Во новата епизода на „Шорткат“, репортажа од дивите депонии во Скопје
Репортажа од дивите депонии низ Скопје коишто не се исчистени, иако беа ветени дека ќе се исчистат во првите 82 дена од раководењето на градоначалничката Данела Арсовска. Ова е главната тема во новата емисија за млади „Шорткат“, а на темата за проблемот со отпадот во земјава информираме и за најавеното отпочнување со чистење на депониите и ѓубриштата во Источен...
Нова епизода на „Шорткат“: Како се изработува накит од отпадна пластика
Приказната на Елена Арсовска за изработка на накит од отпадна пластика, усвоеното барање од Град Скопје на студентите за целодневно работење на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, поднесеното барање од студентите до ЈСП-Скопје за продолжување на важноста на бесплатните билети до февруари се само дел од прилозите што ги донесува најновата епизода на емисијата „Шорткат“, која што ќе се емитува...
„Шорткат“: Кои се вистинските чекори за намалување на аерозагадувањето?
Во првото издание на емисијата „Шорткат“ во 2022 година ја носиме веста за тоа како помина новогодишната прослава во главниот град. За првпат по долги години, локалната власт во Скопје не организираше огномет при дочекот на Новата година. Нашата фотографија покажа дека, сепак, скопјани не потфрлија во поглед на искористените пиротехнички средства точно на полноќ.
Во Новата година влеговме со...
Новогодишни „желби“ до институциите во последното издание на „Шорткат“ за 2021 година
Вечерва во 19 часот ќе биде емитувано последното издание на емисијата за млади „Шорткат“ за оваа година.
Во него се потсетуваме на најзначајните прилози што ги изработивме во изминативе 17 епизоди, а кои вклучуваа теми и настани што се особено важни за младите во земјава.
Од интервјуто со Миа, по кое Министерството за здравство започна со набавка на безболни сензори за...
„Шорткат“: Родителите и професорите да ги намалат очекувањата од учениците пред крајот на првото полугодие
И овој четврток носиме нови важни теми и интересни случувања кои ја одбележаа изминатава недела.
Во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“ централна тема ни е враќањето во училница по онлајн наставата, момент којшто исфрли на површина неколку проблеми. Учениците се соочуваат со депресија и анксиозност, вели психологот Ана Поп-Ризова. Погледнете го разговорот со Поп-Ризова и нејзините препораки до...
Нова епизода на „Шорткат“: Аутизмот ќе се обиде да ви одземе сè, од вас зависи колку ќе му дозволите!
Во новото издание на „Шорткат“ информираме за книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ на Аниса Ејуп Беќировиќ, мајка на 15-годишното момче со нискофунцкионален аутизам Адам. Во книгата што ја подготвува, Аниса го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. За тоа какви им се секојдевијата, каков е германскиот образовен ситем од кој Адам е...