„Шорткат“: Зошто младите лекари си заминуваат од Македонија?

Што ви носиме во новите неделни вести за млади?

Зошто младите лекари својата иднина ја гледаат надвор од границите на земјава и како да ги задржиме тука? Ова се главните прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор во новата епизода на „Шорткат“. На оваа важна тема разговараме со доктор Божидар Кочоски, претседател на Асоцијацијата за специјализанти и млади лекари.

Во неделните вести за млади информираме за најавата на Министерството за образование дека ќе ги покачи стипендиите за оние студенти и ученици кои земаат понизок износ, како и за тендерот за избор на компанија што ќе го огради арсенот во Лојане.

Ќе видиме како помина обуката на младите новинари за борба против дезинформации и проверка на факти, а најавуваме уште еден интересен настан во организација на Фондацијата Метаморфозис – дебата за млади на тема „Мрачната страна на социјалните медиуми“.

Ве потсетуваме дека имате уште само неколку денови да се пријавите на нашиот видео конкурс и да освоите вредни награди.

„Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19:00 часот.