fbpx
Таг: вести за млади

таг: вести за млади

Вечерва ќе ја емитуваме новогодишната епизода на емисијата „Шорткат“

Во новогодишната епизода на емисијата „Шорткат“ направивме избор на темите за кои информиравме во 2022 година, за кои остваривме импакт изминатава година, но и за кои треба уште многу да се работи за да се решат проблемите во наредните 365 дена. Краткиот преглед на теми не беше лесен, земајќи го во предвид фактот дека годинава емитувавме 48 епизоди на...

Во „Шорткат“ денеска ги пренесуваме барањата на младите за зелени општини

Барањата на младите за зелени општини се главна тема во денешната епизода на „Шорткат“. На оваа тема разговаравме со две млади лица од скопските општини Чаир и Аеродром, како и со одговорните лица од здружението „Гоу Грин“. За барањата кои младите од четири општини ги имаат кон градоначалниците за новата 2023 година ќе информираме вечерва. Во емисијата информираме за одлуката...

Во „Шорткат“ вечерва го третираме развојот на алтернативен туризам во Малешевијата

Во најновата епизода на „Шорткат“ како главна тема ги третираме можностите што ги нуди алтернативниот туризам во Малешевијата, од каде имаме снимки и изјави на ентузијасти кои основале свои зелени бизниси во овој регион и се обидуваат да ги привлечат младите кон нивен развој. Во „Шорткат“ вечерва ќе информираме и за одржаната дебата за млади на тема „Сајбер насилство: Последици...

Во „Шорткат“ разговараме за еколошки одржлива мода со дизајнерката Мирјана Јосифоска

Македонска дизајнерка која креира шапки и користи рециклирани материјали при нивната разработка е главна тема на најновата епизода на емисијата „Шорткат“ што ќе ја емитуваме денеска. Разговаравме со модната дизајнерка Мирјана Јосифоска и повеќе детали за нејзината работа ќе може да погледнете во најновото издание на емисијата за млади. Покрај ова, во „Шорткат“ информираме и за тоа како помина одбележувањето...

Сајбер безбедноста и човековите права на Интернет во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Институциите не успеале правилно да комуницираат за сајбер нападите што погодија повеќе државни интернет-страници изминативе месеци. Во новата епизода на Шорткат, во која главна тема се сајбер безбедноста и човековите права на Интернет, претставуваме дел од резултатите од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис. Покрај ова, информираме и за два од најголемите проблеми во главниот град периодов - сообраќајниот хаос и аерозагадувањето. Носиме...

Митови и дезинформации за сеопфатното сексуално образование во новата епизода на „Шорткат“

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ која ќе се емитува вечерва со почеток во 19 часот ќе прикажеме дел од рубриката „Зошто (не) е така?“ во која тема е сеопфатното сексуално образование. За најраспространетите дезинформации и митови за сексуалното образование во училиштата зборуваат Катерина Иванова од ХЕРА, психологот Радмила Живановиќ и новинарката и активистка Рита Бехадини. Дел од другите содржини...

Нова епизода на „Шорткат“: Театар со сенки против мали хидроцентрали

Театарот „Сенки и облаци“ е единствениот театар што работи претстави со сенки во земјава. Дел од нивните проекти вклучуваат подигање на свеста кај граѓаните за теми како репродуктивно и сексуално здравје, инклузија и заштита на животната средна. За новиот проект за претставата со сенки против малите хидроцентрали погледнете во новата епизода на „Шорткат“. Информираме за бурните реакции во јавноста по...

Нова епизода на „Шорткат“: Расте интересот кај младите да бидат оџачари

Расте интересот кај младите за да бидат оџачари. Како изгледа чистењето оџаци на терен и какво е искуството што го стекнуваат учениците преку неформалното образование дознаваме во новата епизода на „Шорткат“, каде, покрај учениците кои се дел од обуките, зборува и единствената дипломирана оџачарка во земјава – професорката Јасмина Атанасова Симјановска и претседателот на Оџачарската комора во Баварија, Германија,...

Младинскиот еко-активизам главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Како младите можат да се вклучат во креирањето на решенија за одржливо и зелено општество и како да учествуваат во донесувањето на одлуки важни за нивната иднина погледнете во новата епзиода на емисијата „Шорткат“, во која главна тема е еко-активизмот. Покрај ова, во 59-тото издание на вестите за млади информираме за случувањата околу лажните пријави за бомби, како и за...

„Шорткат“ на Фестивалот на инклузијата во Скопје

Во понеделникот во Скопје се одржа фестивал на инклузија, каде граѓаните имаа можност да се запознаат со креативноста на лицата со попреченост. Нашите впечатоци од фестивалот ги пренесуваме во новото издание на вестите за млади „Шорткат“. Во новата епизода на „Шорткат“ информираме и за невработеноста која останува главен проблем за младите, за можноста за враќање на онлајн наставата, како и...

Како да штедиме струја? Погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Тешката зима поради енергетската криза и мерките за штедење на електрична енергија се главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. За тоа како да се прилагодат и однесуваат младите, но и институциите, погледнете во новите вести за млади. Покрај ова, во 57-мата епизода информираме за новата Национална стратегија за млади и за критиките на ЕУ кога станува збор за родовата...

Заложбите на новото студентско собрание на УКИМ во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Како да се решат проблемите на студентите, а УКИМ да се издигне на ранг-листите на светските универзитети? На овие и на други теми зборувавме со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, Славчо Темелковски и во новата епизода на „Шоркат“ ќе слушнете повеќе за заложбите на овој мандатен состав на собранието. Во 56-тата епизода на „Шорткат“ информираме и за...

Шорткат: Репортажа од првиот ранч со програма за хипотерапија

Главна тема во најновата епизода на „Шорткат“ е ранчот „Контрисајд“, кој е прв во земјава што работи со програма за хипотерапија за лицата со посебни потреби. Од ранчот во општина Ранковце направивме репортажа, која што ќе можете да ја погледнете вечерва со почеток од 19 часот. Во „Шорткат“ информираме и за тоа како помина првиот академски час на факултетите низ...

Непостоењето прифатилиште за жените-жртви на насилство во Полог го третираме во новата епизода на „Шорткат“

Полошкиот плански регион е единствениот во земјава каде што жените-жртви на насилство немаат прифатилиште за нивно засолнување. Акутниот проблем со којшто се соочуваат жртвите од Полог е главната тема која што ја обработуваме во најновата епизода на емисијата „Шорткат“. Во емисијата за млади информираме и за еколошката иницијатива на „Еко-свест“ за правна заштита на реката Радика, како и за дебатата...

Погледнете како функционира македонската банка за храна во новата епизода на „Шорткат“

Откако бевме во посета на најстарата банка за храна во Португалија, во новата епизода на „Шорткат“ ви прикажуваме и како фунцкионира нашата македонска банка за храна, која постои 12 години. Банката дава свој придонес во борбата против гладта меѓу луѓето и против фрлањето на храната. Во новите вести за млади носиме и неколку вести на тема образование и информираме за...

Изумирањето на Преспанското езеро во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Повлекувањето на водата и намалувањето на нивото на Преспанското Езеро се главната тема во новата, 51 епизода на емисијата „Шорткат“. Нашата екипа беше во Преспа и информира за овој долгогодишен проблем со кој се соочува едно од трите природни езера во земјава. Во новите вести за млади ја носиме и информацијата за зголеменото испуштање на стакленички гасови во земјава, како...

Во новата епизода на „Шорткат“ разбиваме митови за вештачката интелигенција

Во новата, 50-та епизода на „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва, разбиваме некои од најпознатите митови и дезинформации околу развојот на вештачката интелигенција. Во четвртиот дел од рубриката „Зошто (не) е така“ во кој тема е токму вештачката интелигенција, зборуваат професорите Тамара Димитрова и Ѓорѓи Маџаров, како и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари. Го одбележуваме и стартот на...

„Шорткат“ денеска со репортажа од Португалија, бевме во најстарата банка за храна

Екипата на „Шорткат“ летово беше во посета на Португалија, од каде што за најновата епизода што ќе се емитува денеска носиме репортажа за најстарата банка за храна во оваа земја, која што се бори против фрлањето на храна во отпад и за спречување на гладта меѓу луѓето. Во „Шорткат“ ќе може да се информирате и за онлајн дебатата „Младите и...

„Шорткат“ на државното првенство во прескокнување пречки со коњи

Љупка Аврамовиќ од клубот „Бравадос“ е долгогодишна вљубеничка во коњите и е една од нашите најдобри претставнички на натпревари со коњи во светот. Во новата епизода на „Шорткат“, нашите вести за млади, зборуваме со Аврамовиќ и ве водиме на државното првенство во прескокнување пречки со коњи организирано од страна на Федерацијата на коњички спортови. Во новата, 48. епизода на „Шорткат“,...

Како да му дадеме „втор живот“ на текстилот, погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Наместо да се рециклираат, облеката и другите ткаенини што повеќе не ги користиме, најчесто завршуваат на депониите измешани со друго ѓубре. Иницијативи за рециклирање на текстил кај нас речиси и да нема, но во новата епизода на „Шорткат“ претставуваме една ваква акција на Ана Тодоровска од „Второ Азно“, која на текстилот му дава втор живот. Во новите вести за млади...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...