Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ја третираме приказната за тројца млади таленти што ја изработија веб-апликацијата „Најди Аптека“, која на граѓаните може да им заштеди време и пари при пребарувањето лекови во аптеките.
Во 77-тото издание на вестите за млади информираме за барањето на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) да се намали обемот на материјал за полагање на државна матура.
Во „Шорткат“ ќе може да погледнете како изгледа првата градска биотехнолошка лабораторија во Скопје, која е лоцирана во средното училиште „Марија Кири Склодовска“. Информираме и за предлог-законот на Средношколскиот сојуз со кој се бара на сите средношколци да им се овозможи користењето на бесплатниот јавен превоз.
Во новата епизода известуваме и за кучето Боркица кое ги изгуби двете нозе поради физичкото насилство и која од скопската населба Бутел си најде нов дом кај хумана активистка во Велика Британија. Во „Шорткат“ ве потсетуваме и за објавениот видео-конкурс на темата „Образованието во фокус, крени глас за проблемите на час“, како и за филмовите кои ги добија Оскарите годинава.