Во „Шорткат“ го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите

Недостигот на снежни врнежи и невообичаеното топло време до средината на јануари ги испразнија македонските скијачки центри, кои трпат финансиски штети сезонава. Во најновата емисија на „Шорткат“ како главна тема го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите.

Во денешната епизода информираме и за резултатите од испитувањето на мострите земени од храната и кујната во студентскиот дом „Пелагонија“ по сомнежот за труење на студенти, како и за протестот на активистите од здруженијата за заштита на животните што се одржа во минатиот петок.

Во „Шорткат“ ќе дознаете повеќе и за резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот во Скопје за декември 2022 година од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање. Проблемот со вработувањето на семејнолозите во државните установи за социјална заштита е уште една тема во вечерашната емисија.

За крај, за љубителите на гејмингот, во „Шорткат“ претставуваме дел од најочекуваните видео-игри за 2023 година.

Новата епизода на Шорткат ќе биде објавена вечерва во 19 часот на нашите канали на ИнстаграмФејсбук и Јутјуб.