Вечерва во „Шорткат“: Студент во инвалидска количка досега немаше пристап до мензата во „Стив Наумов“

Главна тема во новата епизода на „Шорткат“ е приказната на студентот Дарко Стојановски сместен во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој е корисник на инвалидска количка. До пред неколку денови, тој не можеше да пристапи до мензата во домот, поради непостоењето на пристапна рампа, што укажува на извршена дискриминација.

Во „Шорткат“ информираме и за исплатата на субвенционираниот студентски оброк и за ученичките и студентските стипендии, како и за отворањето на Студентскиот културен центар во Скопје.

Ја носиме веста за пронајдената жива во малата депонија со линдан во ОХИС, како и за упатствата на властите за тоа како да постапуваат училиштата во случај на дојава за поставени бомби.

Потсетуваме и на новиот предизвик за млади – видео конкурс со вредни награди за креативните.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на социјалните мрежи.