Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва претставуваме некои од најраспространетите митови и дезинформации за лицата со попреченост. Митовите ги коментираат и објаснуваат Беира Салифоска – дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и лице со оштетен вид, Елена Кочовска од ПОЛИО ПЛУС – Движењето против хендикеп и Томица Стојановски од Националниот сојуз на глуви и наглуви лица.
Покрај ова, во новите вести за млади информираме за извршената индиректна дискриминација врз учениците и студентите од приватното образование, но и за доделувањето на Инженерскиот прстен на најдобрите дипломирани инженери.
Го најавуваме и дванаесеттото издание на ENGAGE настанот за социјален активизам.
„Шорткат“ се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи – Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Фејсбук.