Денеска стартува новата сезона на емисијата за млади „Шорткат“

По кратка пауза, денеска стартува новата сезона на емисијата за млади „Шорткат“. Времето на емитување останува исто, секој четврток со почеток од 19 часот, а емисијата ќе можете да ја гледате на сите канали на Мета.мк и рубриката Цтрл-З на социјалните мрежи, и тоа на: ТикТок, Инстаграм и Фејсбук. Како и досега, покрај на македонски јазик, емисијата „Шорткат“ ќе се емитува и на албански јазик на социјалните мрежи на Порталб.мк, секој четврток со почеток од 20 часот.

Главна тема во 81-та епизода на „Шорткат“ ни е најновиот изум – надворешен прочистувач на воздух од ПМ-10 честички на македонскиот иноватор Ивица Поцков. Покрај решението што го нуди неговата иновација во однос на аерозагадувањето, во емисијата информираме и за оценувањето на слабите страни на училиштата од страна на Државниот просветен инспекторат.

Во „Шорткат“ информираме и за средношколскиот настан „СРЕДНОЛЕНД“ кој деновиве се одржува во Скопје, но и за првата филантропска атлетска трка што викендов се одржа во Штип.