Идејата на Марија Тодоровска за чистење на линданот во новата епизода на „Шорткат“

Во разговорот со младата научничка Марија Тодоровска за нејзината мотивација да почне да ги испитува микроорганизмите и нивната улога во природата, дознаваме повеќе за нејзината генијална идеја за чистење на опасниот линдан од ОХИС.

Покрај ова како главна тема, во новата епизода на „Шорткат“ информираме за кратењето на материјалот за државна матура, како и за Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој децата од „Доза Среќа“ годинава го одбележаа со хуманитарен саем за слатки.

Ја носиме веста за расчистувањето на две жешки еколошки точки во земјава кое во моментов е ставено во мирување, како и за најважните поенти што беа истакнати на дебатата за млади „Дигитализација во образованието“.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот.