Вредните средношколци и идни угостители од „Лазар Танев“ во новата епизода на „Шорткат“

Екипата на „Шорткат“ беше во посета на скопското угостителско училиште „Лазар Танев“, каде ги затекнавме вредните средношколци како подготвуваат храна во кујните, „печејќи“ ги тестото и занаетот што го одбрале. Повеќе за нивната професија погледнете во 72-та епизода на нашите вести за млади.

И неделава носиме многу нови информации – меѓу нив, за герила акцијата на „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“, како и за Музејот на олдтајмери во Неготино, кој исто така го посетивме неодамна.

На тема образование, информираме за новите дојави за поставени бомби во училиштата, а ќе видиме и до каде е изградбата на новите згради што треба да ги добијат Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) при УКИМ.

И во оваа епизода го носиме најновото од гејминг светот.

„Шорткат“ ќе биде објавена вечерва со почеток во 19 часот на нашите канали на Инстаграм, Јутјуб и Фејсбук.