Во „Шорткат“ известуваме за новиот простор за студентите на Машински факултет – „Фабрика за учење“

„Фабрика за учење“ е новото место на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое студентите можат да креираат производи со користење на работна смарт машина, 2Д камера и робот. Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ќе можете да дознаете нешто повеќе за иновативната технологија, која им овозможува на студентите од овој факултет да монтираат и создаваат свои производи.

Во 71-то издание на „Шорткат“ информираме за текот на исплатата на средствата за субвенциониран оброк и стипендиите на студентите од земјава, која што ја реализира Министерството за образование и наука. Во емисијата информираме и за полагањето на матурскиот испит годинава, а имаме и најнови содржини за забраната за користење на ChatGPT кај студенти од универзитет од Франција и од угледни меѓународни научни списанија.

Во „Шорткат“ ќе дознаете повеќе и за тоа кои се новостите во однос на проблемите со функционирањето на Младинскиот културен центар, а за љубителите на серии објавуваме интересна вест за серијата „The Last of Us“.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите канали на социјалните мрежи.