Идејата на Coffee Mates за очила направени од талог од кафе, вечерва во „Шорткат“

Новата епизода на вестите за млади пристигнува вечерва во 19:00 часот

Петар Стефаноски и Никола Вучков не „стискаат прст“ во филџанот кафе за да ја предвидат иднината. Тие веќе имаат своја научно базирана визиија и се дел од тимот Coffеe Мates – изработуваат очила од талог од кафе. Повеќе за нивната работа дознајте вечерва во новата епизода на вестите за млади „Шорткат“.

Информираме и за новиот пад на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) на уште една листа за рангирање на универзитети во светот.

Го проследивме и Експо денот на скопското средно училиште „Марија Кири – Склодовска“ од каде ви ја пренесуваме сликата и ве потсетуваме на отворениот повик за учество на уште една наша обука за млади новинари.

„Шорткат“ доаѓа вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи – ИнстаграмТикТокЈутјуб и Фејсбук.