fbpx
Таг: вести за млади

таг: вести за млади

„Шорткат“: 2023 – најтоплата година досега?

Европско истражување покажува дека планетата се загреала за речиси 1,2 Целзиусови степени над просечните температури, а за научниците веќе е практично сигурно дека годинава ќе биде најтоплата во последните 125.000 години. Ова ќе влијае на целиот биодиверзитет, а за последиците ве информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за младинската невработеност која се најде во...

„Шорткат“: На Шар Планина се случува екоцид

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк не ги запре несовесните граѓани да фрлаат отпад насекаде во природата. Повеќе за овој екоцид информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади неделава носиме информации и за студентите – во тек е конкурсот за стипендии за редовните студенти, а формиран е и новиот состав на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Дознајте...

Аерозагадувањето во фокус на вечерашната епизода на „Шорткат“

Новата епизода на „Шорткат“ ја емитуваме вечерва, а во неа главна тема е актуелниот проект на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за справување со загадувањето на воздухот во пет македонски општини. Покрај тоа што ќе може да дознаете повеќе за справувањето со аерозагадувањето, во „Шорткат“ вечерва информираме и за резултатите од конкурсот за краток хорор расказ што годинава...

„Шорткат“: Дали телефонот нè прислушува?

Дали телефонот нè прислушува, беше прашањето што привлече големо внимание и дискусија меѓу експерти и десетици млади на првиот „Сајбер Шејк“ настан што се одржа минатиот четврток. Одговорите може да ги дознаете вечерва во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади информираме и за тоа до каде е вселувањето на студентите во новиот тетовски студентски дом. Ве водиме и на...

„Шорткат“ за дигитализацијата на полагањата државни и меѓународни тестови

Кога во прашање е дигитализацијата на процесот на полагање државни и меѓународни тестови, кои за нашите ученици се обврска – мнозинството училишта во државата не се соодветно опремени со компјутери, иако меѓународните организации што ги спроведуваат тестирањата инсистираат на електронско, наместо хартиено полагање. За тоа што е потребно да се направи за овој систем да биде пофункционален, разговараме со...

„Шорткат“: Иновативни еко-плочки од селектирана пластика во Гевгелија и Кочани

Како отпадната пластика во Гевгелија и Кочани се претопува во иновативни еко-плочки за надворешна употреба, може да дознаете во новата епизода на „Шорткат“ што ќе биде објавена вечерва. Во новите вести за млади информираме за нашето учество на фестивалот Џифони Македонија, а го најавуваме и Конкурсот за краток хорор расказ кој го распишавме четврта година по ред. Ја носиме и веста...

„Шорткат“: Дали и колку младите се ранливи на дезинформации?

Со Петра Балажич од словенечкиот Центар за европски перспективи разговаравме за тоа дали и колку младите се ранливи на дезинформации и што треба да се преземе за да се зголемат свесноста и отпорноста на младите кон ширењето дезинформации онлајн. Најважното од разговорот може да го погледнете вечерва во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади неделава информираме за почетокот...

„Шорткат“ во Батинци: Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла

Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла утврди Државниот инспекторат за животна средина. Екипата на „Шорткат“ го посети селото Батинци, чии жители со години живеат близу депонијата, кои се пожалија на штетното влијание на загадувањето врз нивните животи. Повеќе за ова во новите вести за млади. Третираме уште една тема од животна средина, а тоа е скопското аерозагадување кое се...

„Кажи со раце“: Младински настан за Меѓунaродниот ден на знаковниот јазик

Младински образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ утре ќе го одбележат Меѓунaродниот ден на знаковниот јазик, во 17:00 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје, пред Мобилната галерија. Организациите ги покануваат сите млади на интерактивниот младински настан под мотото „Кажи со раце“. „Дојди и помогни ни да ја истакнеме убавината на македонскиот знаковен јазик, да ги срушиме...

Емисијата за млади „Шорткат“ слави јубилеј од 100 епизоди

Емисијата „Шорткат“ вечерва ќе се емитува по 100-ти пат, како препознатлив бренд кај младите за доверлив и кредибилен извор на информации. Во оваа јубилејна епизода како главна тема го третираме недостигот на дигитализација во процесот на вселување во студентските домови во Скопје, поради што секоја година се создаваат редици од студенти при приемот на собите во домовите. Во „Шорткат“ информираме...

Во „Шорткат“ денеска ќе разјасниме што се тоа фишинг напади

Што се тоа фишинг напади, зошто се опасни за нас како корисници на интернетот и што треба да направиме за да се заштитиме од ваквите напади, се главната тема за која ќе зборуваме во вечерашната епизода на „Шорткат“. Во „Шорткат“ информираме и за алармантните бројки на починати деца и тинејџери од загадениот воздух во Европа и Централна Азија, за која...

Шорткат: Како функционира автобуското метро во Римини, а кое во Скопје две години се блокира?

Во новата епизода на Шорткат ќе може да погледнете како функционира автобуското метро во италијанскиот град Римини, кое претставува пример за тоа како би функционирал ваквиот алтернативен јавен превоз кој веќе две години е закочен со реализацијата во Скопје. Во вечерашната емисија информираме и за почетокот на новата учебна година, како и за новата светска платформа со информации за климата...

Шорткат: Колку е подготвена државата за справување со климатските промени?

Климатските промени со кои се соочува и нашата земја недоволно го привлекуваат вниманието на властите. За подготвеноста на државата на локално и национално ниво да се справи со климатските промени, зборуваме во новата епизода на „Шорткат“. Ја носиме и веста за матурантите кои постигнаа најдобри резултати на државната матура годинава, а информираме и за отворениот повик за признанието „Успешни млади“. Во...

Шорткат ја носи приказната за кучето Медена – симбол на издржливоста

Приказната за кучката Медена која стана симбол за кроткост и издржливост во Струга, и за скулптурата со која светски познатата уметница Лида ја овековечува Медена, погледнете ја во новата епизода на „Шорткат“ – нашите вести за млади. Во најновото информативно издание носиме податоци за извршените здравствени услуги и активности кои ги побарале младите минатата година, за решавањето на проблемот со...

„Шорткат“: Првата зелена комуна во селото Белица

Заедницата на кичевското село Белица се фокусира на формирање на првата зелена комуна за да може заеднички да обезбеди одржлив развој, искористување на обновливи извори на енергија, еко-туризам и да го поттикне враќањето на жителите во своите стари огништа. Повеќе за оваа иницијатива објавуваме во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за тоа до каде е...

Заштитата на реката Вардар главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Долното течение на реката Вардар кое минува низ Демиркаписката клисура стана дел од проектот „Заедно за реките“ – регионална иницијатива на светската организација за заштита на природата The Nature Conservancy и шест граѓански организации од балканските земји, меѓу кои и „Еко Свест“. Повеќе за иницијативата и искуствата на балканските земји во заштитата на реките ќе дознаете во вечерашната епизода...

„Шорткат“: Хартиени, наместо електронски пријави за субвенции за велосипед во Скопје

Во време на дигитализација, кога услугите за граѓаните претежно треба да бидат достапни електронски, Градот Скопје бара документите за поднесување субвенција за велосипед да се поднесуваат во хартиена форма, во архивата, а дополнително, да одат на нотар да заверат изјава. Дали и колку е оправдано институциите да се враќаат назад во процесот, кога веќе постои можност за дигитална апликација,...

„Шорткат“: Каква е состојбата со дигитализацијата на универзитетите?

За студентите во земјава е неопходна дигитализацијата на државните универзитети. Актуелната состојба укажува на различен степен на дигитализација кај македонските високообразовни установи. Повеќе детали на оваа тема ќе дознаете вечерва во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме и за тоа колку младите лица (не) се вклучени во решавањето на општинските проблеми. Носиме убави вести од спортот за...

„Шорткат“ во посета на Пробиштип, оловната прашина им го зема здравјето на граѓаните

Старото јаловиште на рудникот за олово-цинкова руда „Злетово“ што е лоцирано во Пробиштип е една од жешките еколошки точки во Македонија, за кое известуваме со наша репортажа во најновата епизода на „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва. Труењето на граѓаните со тешки метали и плановите за санација на јаловиштето се главна тема во вечерашната емисија. Во „Шоркат“ информираме и за...

„Шорткат“ во тетовската библиотека каде се собираат капачиња од шишиња

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат пластични капачиња од шишиња кои потоа се рециклираат, а собраните средства, пак, се наменети за хуманитарни цели. Повеќе за ова ви носиме во вечерашната епизода...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...