fbpx
Таг: вести за млади

таг: вести за млади

Згоеноста кај најмладите е централна тема во најновата епизода на „Шорткат“

Проблемот со прекумерната телесна тежина кај најмладите е главната тема во новата епизода на „Шорткат“. Покрај за неа, во емисијата можете да ги погледнете најзначајните делови од онлајн-дебатата што ја одржа Фондацијата Метаморфозис во понеделникот на тема „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“, како и резултатите од истражувањето за дискриминацијата со која што...

„Шорткат“: Човекот кој се труди да му обезбеди дом на секое куче-скитник во Скопје

Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ ја претставува приказната на Ќемал Незири од Скопје, човекот кој се труди на секое куче да му обезбеди дом, наместо тоа да остане на улица. Незири со години сам, а од лани и во својот „Happy Shelter“, ги згрижува дури и најболните, отруените и осакатените кучиња. Вели дека нема помош ниту од...

„Зошто (не) е така?“ – нова рубрика во емисијата „Шорткат“

Дали и колку можат дезинформациите да им наштетат на луѓето до кои стасуваат? Каква е улогата и што всушност работат проверувачите на факти? Можат ли тие навистина да бришат објави од социјалните мрежи? Одговорите на овие прашања ги дознаваме во новата рубрика во емисијата „Шорткат“ – Зошто (не) е така?. https://www.youtube.com/watch?v=KNEEj6Y2qGE&feature=youtu.be Во оваа рубрика која ќе се емитува еднаш месечно ќе...

Проблемите со кои се соочува ски-центарот Попова Шапка, тема на „Шорткат“ неделава

Проблемите со кои се соочуваат посетителите на зимскиот туристички центар Попова Шапка се главната тема во најновата епизода на емисијата „Шорткат“. Покрај репортажата од Попова Шапка, носиме информации за прогласувањето на Е-спортот за официјален спорт во Македонија, но и потсетуваме повторно на проблемот со загадувањето со арсен во селата Лојане и Табановце. https://youtu.be/5VpxK-mS4lM Во новата епизода на „Шорткат“ информираме за тоа...

Во новата епизода на „Шорткат“, репортажа од дивите депонии во Скопје

Репортажа од дивите депонии низ Скопје коишто не се исчистени, иако беа ветени дека ќе се исчистат во првите 82 дена од раководењето на градоначалничката Данела Арсовска. Ова е главната тема во новата емисија за млади „Шорткат“, а на темата за проблемот со отпадот во земјава информираме и за најавеното отпочнување со чистење на депониите и ѓубриштата во Источен...

Нова епизода на „Шорткат“: Како се изработува накит од отпадна пластика

Приказната на Елена Арсовска за изработка на накит од отпадна пластика, усвоеното барање од Град Скопје на студентите за целодневно работење на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, поднесеното барање од студентите до ЈСП-Скопје за продолжување на важноста на бесплатните билети до февруари се само дел од прилозите што ги донесува најновата епизода на емисијата „Шорткат“, која што ќе се емитува...

„Шорткат“: Кои се вистинските чекори за намалување на аерозагадувањето?

Во првото издание на емисијата „Шорткат“ во 2022 година ја носиме веста за тоа како помина новогодишната прослава во главниот град. За првпат по долги години, локалната власт во Скопје не организираше огномет при дочекот на Новата година. Нашата фотографија покажа дека, сепак, скопјани не потфрлија во поглед на искористените пиротехнички средства точно на полноќ. Во Новата година влеговме со...

Новогодишни „желби“ до институциите во последното издание на „Шорткат“ за 2021 година

Вечерва во 19 часот ќе биде емитувано последното издание на емисијата за млади „Шорткат“ за оваа година. Во него се потсетуваме на најзначајните прилози што ги изработивме во изминативе 17 епизоди, а кои вклучуваа теми и настани што се особено важни за младите во земјава. Од интервјуто со Миа, по кое Министерството за здравство започна со набавка на безболни сензори за...

„Шорткат“: Родителите и професорите да ги намалат очекувањата од учениците пред крајот на првото полугодие

И овој четврток носиме нови важни теми и интересни случувања кои ја одбележаа изминатава недела. Во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“ централна тема ни е враќањето во училница по онлајн наставата, момент којшто исфрли на површина неколку проблеми. Учениците се соочуваат со депресија и анксиозност, вели психологот Ана Поп-Ризова. Погледнете го разговорот со Поп-Ризова и нејзините препораки до...

Нова епизода на „Шорткат“: Аутизмот ќе се обиде да ви одземе сè, од вас зависи колку ќе му дозволите!

Во новото издание на „Шорткат“ информираме за книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ на Аниса Ејуп Беќировиќ, мајка на 15-годишното момче со нискофунцкионален аутизам Адам. Во книгата што ја подготвува, Аниса го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. За тоа какви им се секојдевијата, каков е  германскиот образовен ситем од кој Адам е...

ДЕБАТА: Недостасуваат програми и информативни содржини значајни за младите

Денеска се одржа јавната онлајн дебата на тема: „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“, на која се разговараше околу моменталната состојба во медиумите и нивната посветеност за креирање на програми и вести за млади, како и за тоа колкава е довербата на младите во медиумите. Денешната дебата ја отвори амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која посочи...

Вечерва нова епизода на „Шорткат“: Труење со арсен, еден од најстарите и најмоќни отрови

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ ја пренесуваме сликата од една од најцрните еколошки точки во земјава. Од труењето со арсен на почвата, водите и воздухот во кумановскиот регион се засегнати илјадници лица. Арсенот е еден од најстарите и најмоќните отрови што во минатото се користел за убиства на луѓе, а во земјава е расфрлан на неколку локации. Некогашниот рудник...

Нова епизода на „Шорткат“ – Црна вдовица живее и во Македонија, во Гази Баба има над илјада желки

Вечерва во 19 часот ќе биде објавена најновата епизода од емисијата за млади „Шорткат“. Во новото издание ги пренесуваме резултатите од истражувањето на Македонското еколошко друштво во кое беа ангажирани млади еколози. Нивните проекти покажаа дека еден од најотровните пајаци во светот, црната вдовица, е присутен и во Македонија. Парк шумата Гази Баба е дом на над илјада желки, а...

За тартуфарството и најскапата габа на светот во новото издание на „Шорткат“

Во новото издание на емисијата за млади „Шорткат“, кое ќе биде објавено денеска во 19 часот, носиме нови и интересни содржини. Заврши КОП 26, Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, што се одржа во Глазгов, Шкотска. За резултатите од конференцијата и постигнатиот договор, разговаравме со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Ви го претставуваме Ангел Борисовски, човекот кој се занимава...

Застрашувачката состојба на депонијата „Русино“ во фокус на десеттото издание на емисијата „Шорткат“

Многу новости и информации и во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“. Централна тема на десеттата епизода е состојбата во која се наоѓа депонијата „Русино“ кај Гостивар. Во емисијата ги пренесуваме сликите од цивилизацискиот шок што нашите новинари го доживеаја таму, а кој е секојдневие за граѓаните на Гостивар. Дали климатскиот самит КОП 26 е последната надеж за спас...

Нова епизода на „Шорткат“, во фокус зелените проекти предложени од младите за идните градоначалници

Во седмата епизода на емисијата „Шорткат“ се обработуваат две главни теми кои се актуелни периодов. Во пресрет на првиот круг од локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври, со еколошкото здружение „Гоу Грин“ и младински активисти говоревме за идеите и проектите предложени од младите за зелени општини, коишто беа доставени до кандидатите и кандидатките за идни градоначалници. Исто...

Шеста епизода на „Шорткат“, во фокус темата за условите за возење велосипед низ Скопје

Емисијата за млади „Шорткат“ и овој четврток ги издвојува најважните вести и настани од изминатата недела. Во најновата епизода известуваме за почетокот на новата академска година, која, исто како и минатата, започна во пандемиски услови. Ги потсетуваме студентите да аплицираат за субвенциониран оброк и за државни стипендии. И покрај ветувањата на властите дека годинава ќе се забрани увозот на користени возила...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...