Во новата епизода на „Шорткат“, репортажа од дивите депонии во Скопје

Репортажа од дивите депонии низ Скопје коишто не се исчистени, иако беа ветени дека ќе се исчистат во првите 82 дена од раководењето на градоначалничката Данела Арсовска. Ова е главната тема во новата емисија за млади „Шорткат“, а на темата за проблемот со отпадот во земјава информираме и за најавеното отпочнување со чистење на депониите и ѓубриштата во Источен и Североисточен плански регион, коешто овој пат се ветува за во март.

Во најновата епизода на „Шорткат“ ги носиме вестите и за првата онлајн друштвена игра за политичка едукација на младите „Изборологија“, за објавувањето на македонски јазик на друштвената игра „Катан“, за изложбата во Тетово „Метаморфозис – Од хаос до уметност“, а се потсетуваме и на најгледаното видео на Јутјуб на сите времиња „Бејби Шарк“.