Во новото издание на емисијата за млади „Шорткат“, кое ќе биде објавено денеска во 19 часот, носиме нови и интересни содржини.
Заврши КОП 26, Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, што се одржа во Глазгов, Шкотска. За резултатите од конференцијата и постигнатиот договор, разговаравме со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.
Ви го претставуваме Ангел Борисовски, човекот кој се занимава со тартуфарство, не многу позната професија кај нас. Тимот на „Шорткат“, заедно со Ангел и неговите Лагота, тргна во авантура низ македонските шуми. Ја баравме најскапата подземна габа на светот. Дознајте повеќе за тартуфите, за кучињата што му помагаат да ги пронајде, но и за штетното влијание на климатските промени.
Во Скопје се одржа првото соларно кино во организација на Здружението „Гоу Грин“. Присутните можеа да го погледнат францускиот документарен филм „Си беше една шума“, а наместо билет, на проекцијата влегоа со тоа што со себе носеа еден предмет за селектирање отпад, што потоа ќе може да се рециклира.
Не пропуштајте го најновото издание на „Шорткат“.