fbpx
Таг: КОП26

таг: КОП26

Земјите во развој ги обвинија богатите нации за „предавство“ во разговорите за климата во Бон

Богатите нации беа обвинети за „предавство“ на земјите во развој за време на разговорите за клима на конференцијата во Бон, Германија, јавува „Би-би-си“. Земјите во развој тврдат дека климатските промени што ги доживуваат се предизвикани од историски високите емисии на јаглерод диоксид кои потекнуваат од побогатите земји. Тие велат дека Европа и САД сега имаат одговорност да им платат за...

КОП26: Дали нациите се на пат да ги исполнат своите климатски цели?

Нови цели за намалување на емисиите на стакленички гасови, намалување на употребата на фосилни горива и ставање крај на уништувањето на шумите, беше, меѓу другото, договорено од светските лидери на КОП26. Нациите повторно се состануваат во Бон, Германија за да разговараат за напредокот по потпишувањето на Климатскиот пакт во Глазгов, пишува „Би-би-си“. Секоја година владите во светот се среќаваат на самит...

За тартуфарството и најскапата габа на светот во новото издание на „Шорткат“

Во новото издание на емисијата за млади „Шорткат“, кое ќе биде објавено денеска во 19 часот, носиме нови и интересни содржини. Заврши КОП 26, Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, што се одржа во Глазгов, Шкотска. За резултатите од конференцијата и постигнатиот договор, разговаравме со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Ви го претставуваме Ангел Борисовски, човекот кој се занимава...

Екологисти од Западен Балкан бараат регионалните лидери да се посветат на силна зелена агенда

На крајот од COP26, лидерите од Западен Балкан мора целосно да се посветат на нивните меѓународни обврски за ублажување на климатската криза, предупредуваат експертите за животна средина од Западен Балкан. „Регионалните лидери треба да ги спроведат своите политички ветувања и да се посветат на силна зелена агенда за Западен Балкан. Деструктивните ефекти на климатските промени, заедно со целото присутно токсично...

Во странство потпишуваме договори, на терен уништувањето на шумите продолжува [инфографик]

Над 10.000 хектари шуми беа уништени од катастрофалните пожари што ја зафатија земјава во изминатава година. Ситуацијата беше крајно сериозна во текот на август, кога исклучително лошата комбинација на сушен период, продолжен топлотен бран со температури од 40 степени и силен ветар, предизвика опустошување на цели шуми во Малешевијата, ридовите околу Кочани и на други локации во земјава. Материјалната штета...

Технологијата на зафаќање и складирање на јаглерод е клучна за индустриите да ги достигнат своите климатски цели

Индустриите, од производство цемент, железо и челик, до рударство, создаваат планови за ограничување и намалување на емисиите на стакленички гасови кои ја затоплуваат планетата, а многу од нив зависат од технологијата за зафаќање и складирање на јаглеродниот диоксид, која е сè уште во развој, пишува „Ројтерс“. Постојат два главни начина на зафаќање на јаглеродот и негово складирање - едниот е...

Застрашувачката состојба на депонијата „Русино“ во фокус на десеттото издание на емисијата „Шорткат“

Многу новости и информации и во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“. Централна тема на десеттата епизода е состојбата во која се наоѓа депонијата „Русино“ кај Гостивар. Во емисијата ги пренесуваме сликите од цивилизацискиот шок што нашите новинари го доживеаја таму, а кој е секојдневие за граѓаните на Гостивар. Дали климатскиот самит КОП 26 е последната надеж за спас...

Амбициозни цели се зацртуваат на КОП26 во Глазгов, но остварувањето останува под прашалник

Глобалната Конференција за климатските промени на ОН (КОП 26) што се одржува во Глазгов, Обединетото Кралство, досега донесе заветувања на огромен број промени за ублажување или неутрализирање на климатските промени. Сепак, заветувањата на глобалниот настан на Обединетите Нации нема да бидат задолжителни, а различните групации на „зелените“ организации и групи велат дека и предлозите не се доволни за да...

Светските лидери на КОП26 се обврзаа да стават крај на дефорестацијата до 2030 година

На светскиот самит за климата КОП26, денеска се очекува повеќе од 100 светски лидери да стават крај на дефорестацијата, односно на уништувањето на шумите и да преземат мерки за поправање на штетите и за враќање во претходна состојба. Денешното потпишување на заложбата е првото крупно постигнување на двонеделниот собир што се одржува во Глазгов во организација на британскиот премиер...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...