Нова епизода на „Шорткат“: Аутизмот ќе се обиде да ви одземе сè, од вас зависи колку ќе му дозволите!

Во новото издание на „Шорткат“ информираме за книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ на Аниса Ејуп Беќировиќ, мајка на 15-годишното момче со нискофунцкионален аутизам Адам. Во книгата што ја подготвува, Аниса го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. За тоа какви им се секојдевијата, каков е  германскиот образовен ситем од кој Адам е дел, но и за тоа што е потребно да се направи кај нас за да им се олесни животот на децата со атипичен развој и нивните семејства, разговаравме со Аниса.

„Аутизмот ќе се обиде да ви одземе сè, од вас зависи колку ќе му дозволите“, вели таа.

Дали младите им веруваат на медиумите, колку често се информираат од домашни медиуми и дали сметаат дека вклучувањето во значајни општествени прашања е губење време? Овие прашања беа одговорени на дебатата организирана од Фондацијата Метаморфозис, на која зборуваа амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј, како и претставници од медиумите и младинските организации.

Мета.мк заедно со екипа во која имаше планинари од сите возрасти беше на Скопска Црна Гора на 11 декември – Меѓународниот ден на планината. Иако се гледа дека на Скопска Црна Гора имало обиди да се спречи создавањето на депонии, по патеката наидовме на фрлен градежен материјал, мебел, расфрлани хаварисани автомобили и амбалажа од најразлични производи.

Ги носиме информациите и за филмот „Quo vadis, Aida?“ кој беше прогласен за најдобар европски филм годинава, како и за големиот гејминг настан „А1 Game Fest“.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена точно во 19 часот на нашите канали на Јутјуб, Инстаграм и Фејсбук.