„Зошто (не) е така?“ – нова рубрика во емисијата „Шорткат“

Дали и колку можат дезинформациите да им наштетат на луѓето до кои стасуваат? Каква е улогата и што всушност работат проверувачите на факти? Можат ли тие навистина да бришат објави од социјалните мрежи? Одговорите на овие прашања ги дознаваме во новата рубрика во емисијата „Шорткат“ – Зошто (не) е така?.

Во оваа рубрика која ќе се емитува еднаш месечно ќе каниме гости – експерти во разни области кои ќе одговараат на прашања и ќе ги побиваат дезинформациите на разни теми. Првиот дел од рубриката се однесува на дезинформациите и проверката на факти, а на оваа тема зборуваат главните уредници на „Мета.мк“, „Порталб.мк“ и „Вистиномер“.

Во новото издание на „Шорткат“ ги информираме учениците и за наградата за средношколско учество „најГЛАСни“, а го покриваме и случајот на малата Ембла Адеми од Гостивар и искажаната поддршка кон неа од претседателот Стево Пендаровски.

Новото издание на „Шорткат“ ќе биде објавено вечерва во 19 часот на нашите канали на Јутјуб, Инстаграм и Фејсбук.