Проблемите со кои се соочува ски-центарот Попова Шапка, тема на „Шорткат“ неделава

Проблемите со кои се соочуваат посетителите на зимскиот туристички центар Попова Шапка се главната тема во најновата епизода на емисијата „Шорткат“. Покрај репортажата од Попова Шапка, носиме информации за прогласувањето на Е-спортот за официјален спорт во Македонија, но и потсетуваме повторно на проблемот со загадувањето со арсен во селата Лојане и Табановце.

Во новата епизода на „Шорткат“ информираме за тоа како скопјани се простија од фронтменот на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, како и за тековното гласање за македонскиот претставник и песна што ќе ја претставува земјава на претстојниот Евросонг.