недела, 7 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Табановце | 57 резултати

19-годишен Камерунец фатен на „Табановце“ со фалсификувани документи

12 јануари 2024

На граничниот премин „Табановце“ вчера рано наутро полицијата уапсила 19-годишник од Камерун, кој имал фалсификувана швајцарска дозвола за престој, белгиски пасош за кој има сомнежи дека е исто така фалсфикуван и два камерунски пасоша. Како што соопшти МВР, Камерунецот најпрво дал на увид Дозвола за престој во Швајцарија, за која се покажало дека е фалсификувана. […]

Тендерот за оградување на депонијата со арсен во Лојане ќе се објави најдоцна нареден месец

16 август 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање до крајот на август или почетокот на септември треба да го објави тендерот за оградување на депонијата со арсен и други отпадни минерали лоцирана во некогашниот рудник во Лојане. Од ова министерство додаваат дека до крајот на септември ќе биде познато името на компанијата што ќе го огради […]

Најдоцна за два месеца тендер за оградување и покривање на арсенот во Лојане

24 март 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање најдоцна за два месеца ќе го распише тендерот за избор на компанија што ќе ја огради и покрие депонијата со арсен и други отпадни минерални суровини во кругот на некогашниот рудник „Лојане“. Најавените средства од 14 милиони денари за оваа намена се обезбедени од буџетот на Министерството. „Моментално […]

Возовите кон Куманово и Табановце повторно не сообраќаат, нема доволно машиновозачи

13 јануари 2023

Патничките возови на релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје не сообраќаат од 4 јануари годинава, а граѓаните од кумановските села реагираат дека им е укинат најевтиниот превоз кон Куманово и Скопје. Според возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, дневно меѓу Скопје и Табановце сообраќаат по четири пара возови, со поаѓања од главниот град во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 […]

Арсеновиот концентрат од Лојане и Табановце треба час поскоро да се извезе, предупредува професорот Стафилов

12 јануари 2023

За справување со арсенот како жешка еколошка точка во Лојане и Табановце годинава најпрво ќе се изработи План за управување со ова контаминирано подрачје, а потоа и ќе се спроведе оградување и покривање на расфрланите количества арсен, антимон и други отпадни минерални суровини на депониите во Лојане и Табановце. Ова го најавуваат од Министерството за […]

Државата обезбеди 14 милиони денари за оградување и покривање на арсенот во Лојане

27 декември 2022

Министерството за животна средина и просторно планирање во буџетот за наредната 2023 година ќе одвои 14 милиони денари за оградување и покривање на депонијата со арсен и антимон во селото Лојане. Станува збор за опасната локација што се наоѓа во кругот на поранешниот рудник „Лојане“ и е на само 100-тина метри од основното училиште „Рилиндја“. […]

Обвинителството нареди истрага на полицајци што примале поткуп на Табановце

27 декември 2022

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи против 12 лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, информираат од обвинителството. За овие лица, како што е наведено во соопштението, постои основано сомневање дека сториле кривично дело […]

Догодина физибилити студија и тендер за нова фирма за чистење на арсенот во Лојане

6 ноември 2022

Во 2023 година ќе се објави нов јавен повик за пронаоѓање концесионер што ќе треба да го отстрани арсенот и другите отпадни минерални суровини од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“. Од Министерството за економија за Мета.мк информираат дека ја започнале постапката за изработка на физибилити студија за доделување на концесија за експлоатација на техногена минерална […]

Опасноста демне: Загадувањето со арсен на водите во Лојане и Табановце воопшто не се испитува

18 октомври 2022

И покрај тоа што се контаминирано подрачје со арсен и други опасни метали, во Лојане и Табановце не се вршат редовни лабораториски испитувања за присуството на овие отрови во водата, почвата и храната. На јаловиштето во поранешниот рудник „Лојане“ во близина на истоименото село се лоцирани 15.000 тони арсен сулфид, а на само 100-ина метри […]

ДИЖС: Државата треба да обезбеди средства за решавање на арсенот во Лојане и отпадниот гипс во Згрополци

1 септември 2022

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) врши инспекциски надзори и од извршените контроли на старите еколошки загадувања само го известува Министерството за животна средина, но нема други обврски поврзани со санирањето на жешките еколошки точки во земјава. „Министерството треба да обезбеди средства овие локации да бидат прописно заградени и означени, како и да обезбеди средства […]

Возовите меѓу Скопје и Куманово привремено не сообраќаат, железницата нема доволно машиновозачи

21 јули 2022

Патници кои секојдневно патуваат на релацијата меѓу Скопје и Табановце се жалат дека четирите пара возови веќе неколку дена не сообраќаат. До редакцијата на новинската агенција Мета пристигна поплака од граѓанин за укинувањето на возовите, кои секојдневно поаѓаат од Скопје за Куманово и Табановце во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 часот, како и од Табановце […]

Државата ќе изработува физибилити студија за чистење на арсенот во Лојане и Табановце

20 јули 2022

Пред да се избере новиот концесионер што би го исчистил арсенот од Лојане и Табановце, Министерството за економија најпрво ќе мора да изработи физибилити студија за оправданост на доделувањето на нова концесија, постапка која е задолжителен чекор во согласност со одредбите од Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, велат за Мета.мк од Министерството за економија. […]

За неоградување на арсенот во Лојане, досегашниот концесионер доби казна од 1.550 евра

24 јуни 2022

Глоба од 1.500 евра за правното лице и казна од 50 евра за одговорното лице во компанијата „Калтун Мадденџилик“ е крајниот исход од постапката за порамнување и спогодување со оваа компанија, која што до пролетва беше концесионер за експлоатација на арсенот и другите отпадни минерални суровини во рудникот „Лојане“. Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) […]

Концесионерот не го оградил арсенот и не поставил табли за предупредување во Лојане, ќе биде казнет

3 јуни 2022

Јаловиштето со околу 15.000 тони арсен сулфид, опасен отпад којшто е лоциран во рудникот „Лојане“ на околу 100-тина метри од основно училиште, не е ограден. Ова за Мета.мк го потврдуваат од Државниот инспекторат за техничка инспекција, кои посочуваат дека турската компанија „Калтун Мадденџилик“ до моментот на поседување на концесијата, односно Договорот за концесија за екплоатација […]

Концесионерот ќе се соочи со казна ако не го огради арсенот во Лојане, чистењето ќе почека

22 февруари 2022

Турската компанија „Калтун Мадденџилик“ како концесионер за експлоатација на арсенот и другите отпадни минерални суровини од рудникот „Лојане“ има обврска да постапи по Решението на Државниот инспекторат за техничка инспекција од инспекцискиот надзор извршен на 4 февруари годинава, велат за Мета.мк од Министерството за економија. „Доколку не постапи во утврдениот рок Државниот инспекторат за техничка […]

Концесионерот го раскина договорот за експлоатација на арсенот во Лојане

15 февруари 2022

Турската компанија „Калтун Мадденџилик“ доставила до Министерството за економија барање за едностран раскин на договорот за концесија заради немање економски интерес за понатамошно извршување на концесијата, информираат за Мета.мк од Министерството за економија. Концесионерот се повикал на членот 52 од Законот за минерални суровини при поднесувањето на барањето на едностраниот раскин на договорот. Инаку, турскиот […]

Инспекторатите бараат арсенот во Лојане и Табановце да се огради и да има табли за предупредување

12 февруари 2022

По пишувањата на Мета.мк и Порталб.мк за опасностите од расфрланиот арсен и други отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце, Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) на 4 февруари годинава изврши инспекциски надзор на посочените локации и констатирале дека јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај железничката станица во Табановце не се оградени […]

Проблемите со кои се соочува ски-центарот Попова Шапка, тема на „Шорткат“ неделава

3 февруари 2022

Проблемите со кои се соочуваат посетителите на зимскиот туристички центар Попова Шапка се главната тема во најновата епизода на емисијата „Шорткат“. Покрај репортажата од Попова Шапка, носиме информации за прогласувањето на Е-спортот за официјален спорт во Македонија, но и потсетуваме повторно на проблемот со загадувањето со арсен во селата Лојане и Табановце. Во новата епизода […]

Концесионерот на арсенот кај Лојане не поставил ограда оти мислел дека ќе го извезе за 6 месеци

29 јануари 2022

Имавме план да го продадеме целокупниот материјал во Кина за 6 месеци и поради тоа не помисливме дека е неопходно да се постави ограда околу јаловиштето кај рудникот „Лојане“. Ова е одговорот што го добивме од турската компанија „Калтун Мадденџилик“ на прашањето зошто не е поставена ограда и информативни табли околу локацијата каде што е […]

Концесионерот што треба да го исчисти арсенот во Лојане молчи, власта најавува инспекција

21 јануари 2022

По објавата на Мета.мк за состојбата со складираниот арсен и други токсични минерални суровини во јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај селото Табановце, од Министерството за економија иницираа барање до надлежните инспекторати да извршат увид и да преземат соодветни мерки доколку констатираат недостатоци на терен. Инспекциски надзор треба да извршат Државниот инспекторат […]

Страна 1 од 3