понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: арсен | 48 резултати

(ИНТЕРВЈУ) Шукова: Срамно е што немаме ниту една депонија по европски стандарди

септември 11, 2023

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во интервју за Мета.мк зборува за некои од најважните прашања за животната средина во земјата, а тоа се третманот на отпадот и отпадните води, процесите на воспоставување на основна инфраструктура по европски стандарди и за текот на изградбата на регионалните депонии и скопската пречистителна станица, како […]

Тендерот за оградување на депонијата со арсен во Лојане ќе се објави најдоцна нареден месец

август 16, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање до крајот на август или почетокот на септември треба да го објави тендерот за оградување на депонијата со арсен и други отпадни минерали лоцирана во некогашниот рудник во Лојане. Од ова министерство додаваат дека до крајот на септември ќе биде познато името на компанијата што ќе го огради […]

„Шорткат“: Зошто младите лекари си заминуваат од Македонија?

март 30, 2023

Зошто младите лекари својата иднина ја гледаат надвор од границите на земјава и како да ги задржиме тука? Ова се главните прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор во новата епизода на „Шорткат“. На оваа важна тема разговараме со доктор Божидар Кочоски, претседател на Асоцијацијата за специјализанти и млади лекари. Во неделните вести […]

Најдоцна за два месеца тендер за оградување и покривање на арсенот во Лојане

март 24, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање најдоцна за два месеца ќе го распише тендерот за избор на компанија што ќе ја огради и покрие депонијата со арсен и други отпадни минерални суровини во кругот на некогашниот рудник „Лојане“. Најавените средства од 14 милиони денари за оваа намена се обезбедени од буџетот на Министерството. „Моментално […]

Арсеновиот концентрат од Лојане и Табановце треба час поскоро да се извезе, предупредува професорот Стафилов

јануари 12, 2023

За справување со арсенот како жешка еколошка точка во Лојане и Табановце годинава најпрво ќе се изработи План за управување со ова контаминирано подрачје, а потоа и ќе се спроведе оградување и покривање на расфрланите количества арсен, антимон и други отпадни минерални суровини на депониите во Лојане и Табановце. Ова го најавуваат од Министерството за […]

Државата обезбеди 14 милиони денари за оградување и покривање на арсенот во Лојане

декември 27, 2022

Министерството за животна средина и просторно планирање во буџетот за наредната 2023 година ќе одвои 14 милиони денари за оградување и покривање на депонијата со арсен и антимон во селото Лојане. Станува збор за опасната локација што се наоѓа во кругот на поранешниот рудник „Лојане“ и е на само 100-тина метри од основното училиште „Рилиндја“. […]

Македонија ќе го зајакне партнерството со УНОПС за справување со историските “жешки” точки

ноември 10, 2022

Земјава сака да ја интензивира и прошири соработката со Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки. За ова се разговарало на работната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни […]

Догодина физибилити студија и тендер за нова фирма за чистење на арсенот во Лојане

ноември 6, 2022

Во 2023 година ќе се објави нов јавен повик за пронаоѓање концесионер што ќе треба да го отстрани арсенот и другите отпадни минерални суровини од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“. Од Министерството за економија за Мета.мк информираат дека ја започнале постапката за изработка на физибилити студија за доделување на концесија за експлоатација на техногена минерална […]

Опасноста демне: Загадувањето со арсен на водите во Лојане и Табановце воопшто не се испитува

октомври 18, 2022

И покрај тоа што се контаминирано подрачје со арсен и други опасни метали, во Лојане и Табановце не се вршат редовни лабораториски испитувања за присуството на овие отрови во водата, почвата и храната. На јаловиштето во поранешниот рудник „Лојане“ во близина на истоименото село се лоцирани 15.000 тони арсен сулфид, а на само 100-ина метри […]

ДИЖС: Државата треба да обезбеди средства за решавање на арсенот во Лојане и отпадниот гипс во Згрополци

септември 1, 2022

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) врши инспекциски надзори и од извршените контроли на старите еколошки загадувања само го известува Министерството за животна средина, но нема други обврски поврзани со санирањето на жешките еколошки точки во земјава. „Министерството треба да обезбеди средства овие локации да бидат прописно заградени и означени, како и да обезбеди средства […]

„Шорткат“ на државното првенство во прескокнување пречки со коњи

јули 28, 2022

Љупка Аврамовиќ од клубот „Бравадос“ е долгогодишна вљубеничка во коњите и е една од нашите најдобри претставнички на натпревари со коњи во светот. Во новата епизода на „Шорткат“, нашите вести за млади, зборуваме со Аврамовиќ и ве водиме на државното првенство во прескокнување пречки со коњи организирано од страна на Федерацијата на коњички спортови. Во […]

Државата ќе изработува физибилити студија за чистење на арсенот во Лојане и Табановце

јули 20, 2022

Пред да се избере новиот концесионер што би го исчистил арсенот од Лојане и Табановце, Министерството за економија најпрво ќе мора да изработи физибилити студија за оправданост на доделувањето на нова концесија, постапка која е задолжителен чекор во согласност со одредбите од Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, велат за Мета.мк од Министерството за економија. […]

За неоградување на арсенот во Лојане, досегашниот концесионер доби казна од 1.550 евра

јуни 24, 2022

Глоба од 1.500 евра за правното лице и казна од 50 евра за одговорното лице во компанијата „Калтун Мадденџилик“ е крајниот исход од постапката за порамнување и спогодување со оваа компанија, која што до пролетва беше концесионер за експлоатација на арсенот и другите отпадни минерални суровини во рудникот „Лојане“. Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) […]

Концесионерот не го оградил арсенот и не поставил табли за предупредување во Лојане, ќе биде казнет

јуни 3, 2022

Јаловиштето со околу 15.000 тони арсен сулфид, опасен отпад којшто е лоциран во рудникот „Лојане“ на околу 100-тина метри од основно училиште, не е ограден. Ова за Мета.мк го потврдуваат од Државниот инспекторат за техничка инспекција, кои посочуваат дека турската компанија „Калтун Мадденџилик“ до моментот на поседување на концесијата, односно Договорот за концесија за екплоатација […]

Во новата епизода на „Шорткат“ главната тема ни се идеите за справување со контаминираните подрачја

мај 5, 2022

Чистењето на линданот во ОХИС, арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница и другите жешки еколошки точки може да биде и побрзо и поефикасно доколку се искористи енергетската трансформација на земјава во справувањето со контаминираните подрачја. Ова е нашата главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. Во емисијата за […]

Чистењето на жешките еколошки точки чини десетици милиони евра, мора да се најде економски одржлив модел

мај 5, 2022

Десетици милиони евра ќе мора да се изнајдат за чистење и повторно доведување во природна состојба на жешките еколошки точки во земјава. Арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница, линданот во ОХИС, депонијата за гипс во ХИВ-Велес, јаловиштата во дел од рудниците се само некои од жешките еколошки точки, […]

Заеднички железнички граничен премин со Србија ќе се гради во Табановце, решение за арсенот нема

април 8, 2022

Полициските, царинските и фитосанитарните погранични контроли на патничките и товарните возови меѓу Македонија и Србија во иднина ќе треба да се вршат на заеднички железнички граничен премин, којшто е планирано да се гради до железничката станица Табановце. Објектот со површина од 2.500 метри квадратни треба допрва да се гради во земјава, а во него ќе […]

Владата го раскина договорот со турскиот концесионер за експлоатација на арсенот во Лојане

април 1, 2022

Владата на РСМ на седницата одржана на 8 март ја донела одлуката за едностран раскин на договорот со турската компанија „Калтун Мадденџилик“ за концесијата за експлоатација на арсенот и другите минерални суровини од поранешниот рудник „Лојане“. Владината одлука е објавена во Службен весник на 15 март, а во одлуката се наведува дека влегува на сила […]

Концесионерот ќе се соочи со казна ако не го огради арсенот во Лојане, чистењето ќе почека

февруари 22, 2022

Турската компанија „Калтун Мадденџилик“ како концесионер за експлоатација на арсенот и другите отпадни минерални суровини од рудникот „Лојане“ има обврска да постапи по Решението на Државниот инспекторат за техничка инспекција од инспекцискиот надзор извршен на 4 февруари годинава, велат за Мета.мк од Министерството за економија. „Доколку не постапи во утврдениот рок Државниот инспекторат за техничка […]

Лојане и Јегуновце како контаминирани подрачја со месеци чекаат на Собранието да се вклучат во закон

февруари 21, 2022

Арсенот во Лојане, шестовалентниот хром во Јегуновце и линданот во ОХИС се само дел од 16-те еколошки точки низ земјава, кои со месеци чекаат на формално прогласување и идентификување како контаминирани подрачја во земјава. Предлогот за измени и дополнувања на Законот за животна средина поминал на владина седница на 7 декември 2020 година и е […]

Страна 1 од 3