Приказната на Елена Арсовска за изработка на накит од отпадна пластика, усвоеното барање од Град Скопје на студентите за целодневно работење на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, поднесеното барање од студентите до ЈСП-Скопје за продолжување на важноста на бесплатните билети до февруари се само дел од прилозите што ги донесува најновата епизода на емисијата „Шорткат“, која што ќе се емитува денеска од 19 часот.
Централно место во најновата епизода на „Шорткат“ зазема темата за младата сограѓанка Елена Арсовска од селото Шлегово, која што сфатила дека урбаниот живот не ѝ одговара и се вратила во родниот крај, вгнезден меѓу западните падини на планината Осогово, за да се посвети на интересна еко-мисија за изработка на накит од отпад.