Шорткат: Треба ли да се забрани ТикТок во земјава?

Немилите настани во Србија повторно го вклучија алармот за начинот на кој младите ги користат социјалните мрежи. Во Македонија беше предложена дури и забрана или ограничување на социјалната мрежа ТикТок, а конкретни одлуки засега нема. Што мислат за овој предлог младинските организации во земјава, дознајте во новата епизода на Шорткат.

Во новите вести за млади информираме и за кампањата на Министерството за образование и наука за ставање крај на училишното насилство, а ќе слушнеме и совети за менталното здравје од професорката Славица Арсова од Катедрата за психијатрија.

Ќе информираме и за новата обука за млади новинари што ќе ја организираме кон крајот на мај.

Новата епизода на Шорткат ќе биде објавена вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Фејсбук.