fbpx

Над 61.000 граѓани вакцинирани против сезонски грип – вакцинацијата најдобра превентивна мерка

Од Министерството за здравство потсетуваат дека заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за бесплатна вакцинација

-

Министерството за здравство информира дека од месец ноември досега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип.

Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лица вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

„Вакцинацијата заштитува и претставува најдобра превентивна мерка што спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Вакцините делуваат, имаат докажана имуногеност и добра ефикасност“, вели министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница: https://vakcinacija.mk, a потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

Воедно, во центрите за јавно здравје низ државата се врши имунизација против сезонски грип со комерцијалните вакцини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...