fbpx

Краден бакар од необезбедената зграда на болницата во Кичево, од МВР не потврдуваат дека штетата е 500.000 евра

Податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР) покажуваат дека од 2010 година до денес пријавени се две кражби во објектот чија изградба започна уште од времето кога премиери беа Бранко Црвенковски и Лубчо Георгиевски. Од МВР пак не го потврдуваат тврдењето на министерот за здравство, Фатмир Меџити дека вкупната вредност на штетата од кражбите е 500 илјади евра, пишува Порталб.мк

-

Бакарот најчесто бил цел на крадци во новиот објект на Општата болница во Кичево. Податоците обезбедени од Порталб.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР) покажуваат дека од 2010 година до денес пријавени се две кражби во објектот чија изградба започна уште од времето кога премиери беа Бранко Црвенковски и Лубчо Георгиевски. Од МВР пак не го потврдуваат тврдењето на министерот за здравство, Фатмир Меџити дека вкупната вредност на штетата од кражбите е 500 илјади евра, пишува Порталб.мк.

Поради невнимание на надлежните институции, односно поради необезбедување на објектот од страна на Министерството за здравство, „новата“ болница во Кичево два пати била мета на крадци, што предизвикало и пролонгирање на доизградбата на објектот.

На 10 јануари 2010 година во овој објект е пријавена првата кражба за која е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кичево на 12 февруари 2010 година.

На 10.01.2010 година во новиот објект на кичевската болница пријавена е кражба, по консултација со Основното јавно обвинителство Кичево регистрирано е кривично дело од член 235 ст.1 според член 19 и член 22, за кое е поднесено кривична пријава на 12.02.2010 година до Основното јавно обвинителство во Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи.

На 1 декември 2019 година во новиот објект на болницата во Кичево била пријавена втора кражба при што биле украдени бакарни цевки и електрични кабли.

На 01.12.2019 година во новиот болнички објект е пријавена кражба при што од повеќе нејзини делови се украдени бакарни цевки и електрични кабли. Во консултација со Основното јавно обвинителство, регистрирано е кривично дело по член 235 во однос на член 22, за што е поднесена кривична пријава на 19.12.2019 година во Основното јавно обвинителство во Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи.

На 12 декември 2023 година, министерот за здравство Фатмир Меџити на брифинг со новинарите изјави дека по завршување на првата фаза од изградбата градежната фирма побарала од министерството да го преземе објектот и дека по вина на Министерството за здравство објектот останал без обезбедување, при што биле украдени бакарни кабли за кислород кои според министерот, се во вредност од 500.000 евра.

Од МВР, пак, не ја потврдија вредноста која според Меџити изнесува половина милион евра.

Сега се очекува Министерството за здравство да го обезбеди објектот и да процени до каде се градежните работи, за потоа да се распише нов тендер. Според последниот договор, овој објект се очекуваше да биде завршен во 2024 година, но на терен не се одвиваат никакви градежни работи.

Маратон на неуспеси

Во август 2023 година, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити најави дека договорот со градежната фирма ќе се раскине, бидејќи на терен не се одвиваат градежните работи.

На 27 декември 2023 година, министерот за здравство Фатмир Меџити објави дека поради пропустите на Министерството за здравство се пролонгира доизградбата на објектот бидејќи од објектот се украдени материјали во вредност од 500 илјади евра.

На 11 декември 2023 година, министерот за здравство Фатмир Меџити на една прес конференција изјави дека договорот е раскинат.

На 9 декемвриПорталб.мк ги објави договорите за изградбата на кичевската болница, едниот од 2014 година, а другиот од 2021 година, со вкупна вредност од 9 милиони евра за двата проекта.

На 2 ноември, на прес-конференција на прашањето на Порталб.мк околу тоа дали договорот е раскинат, тој рече дека се очекува договорот да биде раскинат во рок од една недела.

На 13 ноември 2023, Порталб.мк на прес-конференција повторно го праша министерот за здравство дали го раскинале договорот, при што тој изјави дека разгледуваат неколку дилеми со Владата за министерството да не претрпи штета како последица на едностраното раскинување на договорот.

Во ноември 2022 година, тогашниот министер, Беким Сали изјавил дека за Општата Болница во Кичево се издвоени 60 милиони денари.

Во март 2021 годинаМинистерството за здравство, во времето кога министер за здравство беше Венко Филипче, потпиша договор за стручен надзор врз градежните работи за реконструкција, пренамена, адаптација, изградба и доградба на општата болница во Кичево. Но, на терен не се работеше, односно немаше никаква активност.

Во 2019 година, Министерството за здравство објави јавен оглас за градежните компании за реализација на втората фаза од Општата болница во Кичево. На овој оглас конкурираше фирмата ИНКОМ Инџиниери – Скопје. Во проектот се објаснети сите недостатоци од првиот проект и на што треба да се фокусира втората фаза од изградбата.

Во септември 2017 година, поранешниот министер за здравство, Aрбен Таравари ја посети болницата и за медиумите изјави дека се издвоени средства за доизградба на болницата, со ветување дека до април 2019 година болницата ќе биде готова.

Во декември 2016 година, Државниот секретар на Министерството за здравство, Насуф Ипче во една изјава за ТВ Гура повторно вети дека во 2017 година Кичево ќе има нова болница.

Во декември 2015 година, Ипчe ја посети болницата и вети  дека во 2017 година ќе биде завршена и првата и втората фаза.

Во 2013 година, Владата донесе одлука за започнување на голема инвестициска операција на овој болнички објект. Според министерот за здравство, градежните работи требаше да завршат во рок од 18 месеци (септември 2014).

Но, и покрај тоа, ова ветување не се исполни. Во меѓувреме жителите на Кичево се принудени здравствените услуги да ги добиваат во старата болница, која не ги задоволува потребните услови.

Што се однесува до одделенијата, како одделението за интерни болести, гинеколошкото, акушерското одделение имаат задоволителни услови, истите се сместени во малку понови објекти и имаат нова и современа опрема. Што се однесува до амбулантите, итната помош, инфективните болести и урологијата, условите се далеку од задоволителни, слободно можам да кажам дека се лоши. Болницата има потреба од подобри услови, кои се надеваме дека ќе ги имаме кога ќе се преселиме во новиот објект, пишува Порталб.

Од 1985 година до 2013 година, Општата болница во Кичево е во мизерна состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...