fbpx

Ковачевски на премиерското столче уште 10 дена, неизвесна средбата со Мицкоски

Премиерот потврди дека има комуникација со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и покрај најавите, најверојатно средба нема да има, односно прашањата околу кадрите во техничката Влада може да ги договараат телефонски

-

Кабинетот на Ковачевски ќе поднесе оставки на 26 јануари заедно со претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите што треба да бидат сменети за да може за викендот, на 27 и 28 јануари, Собранието да ја избере техничката влада.

Ковачевски утрово имал состанок со Џафери, кој треба да биде премиер во техничката влада, како и со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, кој ќе биде нов претседател на Собранието. Премиерот рече дека на средбата разговарале за законските рокови за поднесување оставки и за постапките кои потоа следуваат.

Премиерот потврди дека има комуникација со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и покрај најавите, најверојатно средба нема да има, односно прашањата околу кадрите во техничката Влада може да ги договараат телефонски.

„Во однос на комуникација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ние имаме комуникација со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Не мора сите средби да бидат во сали за состаноци, може многу работи и на телефон да се завршат. Ние сме луѓе кои се познаваме, имаме заеднички пријатели, водиме две политички партии кои се најголеми во државата и сметам дека има работи што може на таков начин да се направат, а кои се од техничка природа – предлагање министри во техничка влада, договарање на термините кои исто така се законски пропишани“, изјави Ковачевски.

Алијанса за Албанците веќе потврди дека ќе гласа за влада предводена од техничкиот премиер Талат Џафери. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат воздржано, а албанската опозиција ја бојкотира работата на парламентот.

Техничката влада се избира на 100 дена пред изборите, а единствените непознати во неа се кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата треба да предложи минстри за внатрешни и труд, како и заменици министри во министерствата за земјоделство, финансии и МИОА, а имињата најавија дека ќе ги соопштат по Водици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...