Ковачевски: Јас не го одобрив разрешувањето на Милена Стевановиќ

„Меџити даде едно срамно образложение дека ја разрешил со оглед на тоа дека немала сертификат за англиски јазик, а таа е врвен доктор, светски познат која што има завршено на Кембриџ, така што од тој аспект не би ги коментирал разрешувањата“, рече Ковачевски

-

Не го одобрив разрешувањето на директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, кое го направи министерот за здравство Фамир Меџити, рече денеска во изјава за медиумите Димитар Ковачевски, поранешниот премиер и претседател на СДСМ. Тој денеска со министерката Јованка Тренчевска, беше на состанок со претставници на Сојузот на пензионери на Македонија.

„Тој ја разреши без да образложи. Даде едно срамно образложение дека ја разрешил со оглед на тоа дека немала сертификат за англиски јазик, а таа е врвен доктор, светски познат која што има завршено на Кембриџ, така што од тој аспект не би ги коментирал разрешувањата“, рече Ковачевски, како одговор на новинарско прашање.

Тој кажа дека со Меџити имале несогласувања околу кадровските промени и потенцираше дека треба да се видат сите разрешувања како се правени.

Стевановиќ, по 7 години директор на Инфективната клиника во Скопје, на 30 јануари беше разрешена. Министерот за здравство Фатмир Меџити на нејзината досегашна позиција – медицински директор, го постави д-р Фадил Цана.

Во јавноста има голем број реакции околу смената на Стевановиќ, која раководеше со клиниката во еден од најтешките периоди за здравството, за време на пандемијата со ковид.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...