вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Инфективна клиника | 38 резултати

Болничарката заразена со конго-кримска треска го прима лекот „Рибавирин“

10 август 2023

Заболената болничарка со конго-кримска хеморагична треска од денеска го прима лекот „Рибавирин“, информираше денеска директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ. Лекот пристигна вчера, а се користи при тешки клинички слики на болеста. Хоспитализираната болничарка е во стабилна состојба и влегува во фаза во која се очекува крварење. Стевановиќ објасни дека целта на […]

Заболената болничарка на Инфективна ќе се лекува со лекот Рибавирин

9 август 2023

Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста конго-кримска треска, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата на заболената болничарка, но го имаме лекот Рибавирин, кој пристигна вчера во државата, наведено е во соопштението кое денеска стаса од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. „Лекот кој е единствен на […]

Заразената болничарка од хеморагична треска е стабилна, но болеста е непредвидлива

8 август 2023

Откако минатиот викенд 27 годишна штипјанка почина од конго-кримска хеморагична треска (ККХТ), беа издадени решенија за изолација за 29 контакти. Вработена на Клиниката за инфективни болести, која се зарази од сега веќе починатата штипјанка,  е позитивна на оваа болест, а во меѓувреме издадени се и решенија за излоација за уште 11 лица со кои болничарката […]

Со конго-кримска треска заразена болничарка која била во контакт со починатата штипјанка

7 август 2023

Болничарка од Клиниката за инфективни болести е хоспитализирана на клиниката  откако имала симптоми на конго-кримска треска, потврди за Мета.мк директорката д-р Милена Стевановиќ. Болничарката била во контакт со 27-годишната жена од штипското село Кучица, која почина пред десетина денови откако била касната од крлеж. Како што информира Стевановиќ, вкупно 29 луѓе, најголем дел од нив […]

Бројот на пациенти намален, затворена е модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје

20 октомври 2021

Од Клиниката за инфективни болести при Клиничкиот центар во Скопје ги демантираат вчерашните медиумски написи дека била избегната хаварија со електричната енергија поради прокиснување на покривот. „Во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место се појавило мало количество на водени […]

Потполковникот на АРМ рано утрово од Централноафриканската Република префрлен во Скопје

12 мај 2021

Рано утрово потполковникот на Армијата на РСМ заболен од ковид-19 од Централноафриканската Република е префрлен во Скопје и е сместен на Инфективната клиника. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска напиша на Фејсбук дека директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ потврдила дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен. „Му посакувам брзо да оздрави. […]

Македонско воено лице суспектно на јужноафриканскиот сој, од Африка вечерва ќе биде префрлено во Скопје

11 мај 2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека доцна вечерва македонско воено лице, потполковник на Армијата на РСМ којшто учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, ќе биде донесен на лекување од оваа африканска земја на Инфективната клиника во Скопје. Станува збор за воено лице кое минатата недела било тестирано на ковид-19, и по […]

Процесот на имунизација започна, Филипче вели ќе се вакцинира понатаму за да не им зема место на колегите [галерија]

17 февруари 2021

Започна процесот на имунизација против ковид-19 во земјава. Денеска во модуларната болница која се наоѓа до Клиниката за инфективни болести, здравствените работници кои работат на клиниката ја добија првата доза од вакцината на „Фајзер“, која ја добивме како донација од Србија. Според најавите, во следниве седум до 10 дена, треба да се вакцинираат сите здравствени […]

Вистиномер: Не е точно дека вработените на Инфективната клиника со инјекција во рамото ги усмртуваат пациентите

4 ноември 2020

Од Инфективната клиника потенцираат дека лекот со којшто се ,,боцка” пациентот во рамото е важен во терапијата и третманот за Ковид-19, но од него дефинитивно не може да настапи смрт. Терапијата што се дава против згрутчување на крвта (клексан) не е причина за настапување на смртта. Третманот е таков во сите ковид центри и нон-сенс […]

Д-р Стевановиќ: Потребна ни е дисциплина, оние со лесни симптоми на ковид-19 да се изолираат дома

22 октомври 2020

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ информираше дека е започната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката, која има капацитет од 70 кревети и истата е целосно опремена за третман на пациентите со ковид-19. „Постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, […]

Рушиме рекорди: 535 нови заболени од ковид-19 во еден ден, Aeродром со 429 активни случаи

15 октомври 2020

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19, oд кои 277 се во Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти, а во болнички услови починати се шест лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес […]

Инфективна клиника се наполни, од вчеравечер во функција модуларната болница

11 октомври 2020

На Клиниката за инфективни болести во Скопје се исполнети сите кревети и од вчеравечер е активирана модуларната болница поставена во близина на клиничката зграда, за „360 степени“ потврди министерот за здравство, Венко Филипче. Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради […]

Нови 186 случаи на ковид-19 за едно деноноќие

17 септември 2020

Во последното деноноќие се направени 1.674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Регистрирани се 85 оздравени пациенти во последните 24 часа, а починати се седум лица – еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од […]

Медицински техничар од Шведска ќе го пренесе искуството во лекување на пациенти со ковид-19 на Инфективна клиника

8 август 2020

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку Европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од ковид-19, информираат од Министерство за здравство. Од Инфективната клиника велат […]

Девојката што почина од ковид-19 на 24 годишна возраст, немала други болести

11 јули 2020

Пациентката на 24 годишна возраст која денеска почина на Клиниката за инфективни болести, немала никакви претходни хронични заболувања, вели директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ. Ова е прв случај олку млад пациент да ја загуби битката со ковид-19. – Пациентката имала покачена телесна температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато […]

Филипче: Скопје е најголемо жариште на ковид-19, граѓани ве молам да ги почитувате мерките

17 јуни 2020

Барам силна поддршка од граѓаните за здравствените работници, барам разбирање и трпение за што им се откажани редовните интервенции. Очекуваме неделава бројот на примени пациенти уште повеќе да расте во споредба со бројот на испишани, но имаме план како тоа да го изменаџираме. После овој период, се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, истакна […]

Се демонтира мобилната болница до Инфективна клиника

20 мај 2020

Министерството за здравство информираше дека вчера почнало демонтирањето на шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, за случај на зголемување на бројот на пациенти за хоспитализација. Мобилната болница „Role 2“, добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и […]

Нови 16 оздравени, 17 заболени и двајца починати од корона вирусот

15 мај 2020

Во изминатото деноноќие Институтот за јавно здравје регистрирал нови 16 оздравени пациенти од новиот корона вирус, 17 новодијагностицирани и двајца починати. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје (89 години), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал и пациент од Велес (72 години) починат на 13 мај […]

Нова монтажна модуларна болница поставена до Инфективната клиника

7 мај 2020

Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, денеска ја посетија монтажната болница, поставена до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Монтажните модули се набавени и поставени со финансиска поддршка од Швајцарската амбасада, со што во најкраток временски рок се дуплирани […]

Оздравени се 45 пациенти, потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, почина 1 лице

2 мај 2020

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал 45 оздравени пациенти, и тоа во Скопје-19, Куманово-25 и Прилеп-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 61-годишен пациент од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, кој бил хоспитализиран од 24 април. Од болницата се испишани 8 оздравени […]

Страна 1 од 2