fbpx

Заболената болничарка на Инфективна ќе се лекува со лекот Рибавирин

Вирусот на конго-кримската хеморагична треска може да предизвика сериозни епидемии на вирусна хеморагична треска

-

Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста конго-кримска треска, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата на заболената болничарка, но го имаме лекот Рибавирин, кој пристигна вчера во државата, наведено е во соопштението кое денеска стаса од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во државата во текот на вчерашниот ден. Исто така вчера имаше и веб-конзилијарни состаноци со колеги кои ја следат оваа болест во светот и имаат огромно искуство“, велат од Клиниката.

Оттаму уверуваат дека по појавата на првиот случај на конго-кримска треска во РСМ после неколку децении, сите здравствени институции во државата реагирале навремено и координирано.

„Пациентката, која се инфицираше во тек на својата работа, е стабилна со повремено покачена температура, без други симптоми на болест. Лабораториските анализи на крвта се следат дневно и се ординира терапија. Од вработените на Клиниката за инфективни болести кои беа под медицински надзор ниту еден до сега нема пријавено симптоми на болест“, наведено е во соопштението од Инфективна.

На 7 август, од конго-кримска хеморагична треска заболе болничарката од Инфективната клиника, која била во контакт со 27 годишната жена од штипското село Кучица, која почина пред десетина денови откако била касната од крлеж.

Конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) е болест која се пренесува преку крлежи, а е предизвикана од вирус (Nairovirus) од семејството Bunyaviridae. Вирусот на конго-кримската хеморагична треска може да предизвика сериозни епидемии на вирусна хеморагична треска.

Заболувањето има висока смртност која достигнува и до 40 отсто. Вирусот се пренесува на човек преку крлежи на домашни животни. Можен е пренос од човек на човек како резултат на близок контакт со крв, секрети, органи или други телесни течности на заболените лица. ККХТ е ендемична во Африка, на Балканот, Блискиот Исток и Азија. Не постои вакцина за луѓето и животните, а лекувањето е симптоматско.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...