Обврзниците во висина од 92 милиони долари не биле на име на турскиот државјанин

Cомнително било што лицето давало конфузни изјави и не билo конзистентno во одговорите на прашањата што му ги поставувале царинските службеници и инспекторите

-

Запленетите обврзници во висина од 92 милиони долари не биле на име на странскиот државјанин, кој на 28 јули годинава се обидел да ги пренесе преку државава во странство. Царинската управа води финансиска истрага за да се докаже дали станува збор за обид за измама или за перење пари. Ова го истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев во гостување на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Соработуваме и со многу меѓународни партнери бидејќи сè во однос на овој случај е поврзано со странски банки, странска фирма и странски државјанин. Единствено е што обврзниците се лоцирани на наша територија и оттука секоја меѓународна помош е добредојдена, затоа што сè подлежи на детални и сериозни проверки. Контактирани се повеќе институции од коишто очекуваме да ни помогнат и сериозно да се вклучат“, кажа Богоев.

Тој понатаму потенцира дека должност на Царинската управа е детално да провери дали се работи за обид за измама, обид за перење пари или финансирање нелегални активности. Тоа е во насока на расветлување на случајот.

„Замислете каква би била реакцијата доколку некој патник вака се прошета и потоа во Германија, Франција, Италија, Шпанија се случи нешто што не треба. Да почне истрагата и од таму да се врати наназад и да произлезе дека патникот поминал на скопскиот аеродром без контрола. Наша обврска е да целосно и детално да извршиме проверка. Јас сум задоволен како досега Царинската управа ја водеше постапката и повторно се заблагодарувам на царинските службеници и шефот на царинска испостава Аеродром Скопје за успешно завршената работа“, нагласи Богоев.

Богоев понатаму објаснува дека патниците кои поминуваат на зелен канал, значи дека немаат ништо за пријавување. Притоа нивниот багаж поминува низ скенер при што детално се гледа што имаат во куферите. Во конкретниот случај тоа биле 184 обврзници со поединечна вредност од 500 илјади долари или вкупно 92 милиони евра. Дополнително, сомнително било што лицето давало конфузни изјави и не бил конзистентен во одговорите на прашањата од страна на царинските службеници и инспекторите од Секторот за контрола и истраги.

Богоев вели дека Царинската управа во континуитет ќе продолжи да ја информира јавноста за тоа што може да се пренесе преку граница, што граѓаните можат да носат со себе и што мора да пријават.

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот...