fbpx

Со конго-кримска треска заразена болничарка која била во контакт со починатата штипјанка

Болничарката од Инфективната клиника во Скопје била во контакт со 27-годишната жена од штипското село Кучица, која почина пред десетина денови откако била касната од крлеж

-

Болничарка од Клиниката за инфективни болести е хоспитализирана на клиниката  откако имала симптоми на конго-кримска треска, потврди за Мета.мк директорката д-р Милена Стевановиќ. Болничарката била во контакт со 27-годишната жена од штипското село Кучица, која почина пред десетина денови откако била касната од крлеж.

Како што информира Стевановиќ, вкупно 29 луѓе, најголем дел од нив здравствени работници, се под здравствен надзор.

Институтот за јавно здравје неодамна информираше дека конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) е болест која се пренесува преку крлежи, а е предизвикана од вирус (Nairovirus) од семејството Bunyaviridae. Вирусот на конго-кримската хеморагична треска може да предизвика сериозни епидемии на вирусна хеморагична треска.

Заболувањето има висока смртност која достигнува и до 40 отсто. Вирусот се пренесува на човек преку крлежи на домашни животни. Можен е пренос од човек на човек како резултат на близок контакт со крв, секрети, органи или други телесни течности на заболените лица. ККХТ е ендемична во Африка, на Балканот, Блискиот Исток и Азија. Не постои вакцина за луѓето и животните, а лекувањето е симптоматско.

Прва опишана епидемија на ова заболување во Република Северна Македонија е една семејна епидемија во 1971 година, во семејство во с. Чифлик – Тетово, во која заболеле 13 лица – членови на семејството, а кај двајца од нив болеста завршила со смртен исход (смртноста била 15,3 отсто). После оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година. Со оглед дека во Македонија постојат и други природни жаришта каде болеста кружи во природата меѓу крлежите, дивите и домашните животни и птици, ова заболување претставува потенцијална опасност бидејќи постои можност човекот да биде заразен со каснување од инфициран крлеж.

Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји.

На 27 јули, била евидентирана првата пациентка со оваа болест. Се работело за млада жена од с. Кучица, општина Карбинци, Штип. Првичните симптоми на заболување (висока температура до 38,6 степени, силна главоболка, малаксаност и повраќање) ѝ започнале на 21 јули.

„Добиен е податок за каснување од крлеж што се случил два дена порано, а кој бил изваден во домашни услови. Пациентката побарала лекарска помош во болницата во Штип, каде била хоспитализирана на инфективното одделение. Но состојбата ѝ се влошила па била хоспитализирана на Инфективната клиника. Болеста брзо прогресирала и на 27 јули пациентката починала, неколку часа откако е потврден резултатот за конго-кримска хеморагична треска“, информираше ИЈЗ.

По овој случај, било направено теренско епидемиолошко истражување во штипската болница, Итната медицинска помош во Штип и во с. Кучица, каде пациентката живеела. Од вкупно 67 идентификувани контакти, пет лица се проценети како лица со висок ризик, 24 лица со среден и 38 лица со низок ризик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...