петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: заразни болести | 19 резултати

Примањето само на вакцинирани деца во градинките не е дискриминација, туку заштита на здравјето

февруари 16, 2024

Објавата што е предмет на оваа рецензија тврди дека забраната за носење на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки, всушност е дискриминација, угнетување и понижување на децата и родителите. Но ова не е точно. Вакви мерки се носат за заштита на индивидуалното здравје како на невакцинираните деца така и на останатите деца кои се […]

Со конго-кримска треска заразена болничарка која била во контакт со починатата штипјанка

август 7, 2023

Болничарка од Клиниката за инфективни болести е хоспитализирана на клиниката  откако имала симптоми на конго-кримска треска, потврди за Мета.мк директорката д-р Милена Стевановиќ. Болничарката била во контакт со 27-годишната жена од штипското село Кучица, која почина пред десетина денови откако била касната од крлеж. Како што информира Стевановиќ, вкупно 29 луѓе, најголем дел од нив […]

Не е вистина дека вирусите настануваат од распаѓање на болните клетки во телото

февруари 7, 2023

Вирусот е заразен микроб кој се состои од сегмент на нуклеинска киселина (или ДНК или РНК) опкружен со протеинска обвивка. Името потекнува од латинскиот збор што значи „лигава течност“ или „отров“. Вирусот заразува клетки на телото, а не се создава од веќе постоечки болни клетки на телото кои се распаѓаат, како што неточно се тврди […]

Епидемија на заразна болест кај кучињата во „Лајка“, 30 дена нема да се заловуваат нови

декември 26, 2022

Јавното претпријатие „Лајка“ во наредните 30 дена нема да заловува бездомни кучиња од скопските улици освен оние кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани, соопштија од „Лајка“. Оваа одлука е донесена откако на почетокот на декември била констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума кај пет заловени кучиња.   „Станува збор за […]

Забрана за влез во објекти на невакцинираните е опција само ако се влоши епидемиолошката состојба

декември 22, 2022

Во постот што го рецензираме, не се наведува контекстот, дека со законските измени предложено е додавање на уште една времена мерка која што не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е како опција во случај на епидемија. Ако се исполнат претходни услови, мерката треба […]

Нема јавна набавка за опрема за препознавање лица во училиштата и државните институции

декември 21, 2022

Од Владата демантираат дека ниту Владата, ниту Министерството за внатрешни работи ниту Министерството за образование и наука во своите буџети не планирале набавка за опрема за препознавање лица во школи. Исто така, дојавите за бомби на ниеден начин не се во корелација со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Со законските […]

Детектиран еден случај на флурон кај 26 годишен жител од земјава

јануари 5, 2022

Од Министерството за здравство информираат дека е детектиран еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен жител на кичевската општина Зајас. Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред карјот на минатата година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид […]

Вистиномер: Не е вистина дека вакцините не спречуваат заразни болести

декември 16, 2021

Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Вакцините помагаат да се стават под контрола преку 20 […]

Вистиномер: Доктор Жарко Караџовски не е на платниот список на Рокфелер

август 7, 2021

Во постот што го рецензираме искористена е техника за манипулација која се вика дискредитација на личноста, односно ад хоминем атак, каде што всушност, се доведува во врска вакцинацијата против ковид-19 со „Рокфелер“ фондацијата, како наводен заговор, и тоа преку грбот на доктор Жарко Караџовски, кој учествувал со свој придонес во научен труд сосема неповрзан со […]

Забрана за летови од Велика Британија и 14 дена задолжителна самоизолација

декември 21, 2020

Министерството за здравство информира дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки односно забрана за летови од нашата земја од и кон Велика Британија до крајот на годината. „Дополнително мерката за задолжителна 14 дневна самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Англија, ќе важи […]

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи дали ќе има режим со границите на Косово и Србија

јули 2, 2020

Министерството за здравство информира дека, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји. „Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона […]

Караџоски: Ако не се почитуваат мерките и Господ да се симне, нема да помогне

јуни 8, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека Комисијата за заразни болести веќе го доставила предлогот до Владата и во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето, како резултат на зголемениот број на заболени од корона вирусот. Анализата на епидемиолошките кластери покажала дека речиси сите нови случаи се […]

Двајца мажи починале на Инфективна, надлежните велат нема простор за паника

јули 26, 2017

Двајца мажи на возраст од 23 и од 50 години починале на Клиниката за инфективни болести во Скопје во тешка состојба, а Комисијата за заразни болести при Мининистерството за здравство сè уште не сака да ги соопшти причините за смртта. Од таму велат дека симптомите одговараат на повеќе болести, а официјалната причина ќе се знае […]

Тодоров: Нема опасност од заразни болести во поплавените подрачја

август 22, 2016

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска на отворањето на бањата за физикална терапија во Градската општа болница „8 Септември“ рече дека во поплавените подрачја нема опасност од заразни болести и од епидемии. – Имаме контрола над ситуацијата во подрачјата зафатени од поплавите во Скопско и нема појава на епидемија иако ги имаше сите услови, тоа […]

Министерство за здравство со препораки како граѓаните да се заштитат од заразни болести

август 12, 2016

Министерството за здравство заедно со Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје извршиле санитарно-хигиенски увиди на загрозените подрачја од поплавата во скопскиот регион. За превенција од појава на заразни заболувања се дадени следниве препораки: – Да се користат водоотпорни ракавици, гумени чизми, заштитни очила и маски за лице при чистење на куќите. – […]

Страна 1 од 1