fbpx

Италија ги оданочува банките со 40 отсто поради високите камати

Банките имаа корист од зголемените каматни стапки бидејќи оваа година „скокнаа“ каматите кои ги наплаќаат, а ги намалија расходите за каматите кои ги исплаќаат на штедачитe

-

Италијанската влада воведе оданочување на овогодинешниот неочекуван профит на банките со 40 отсто и приходите од тој данок ќе помогне на имателите на хипотекарни кредити и ќе ги намали даноците за граѓаните.

Заменик премиерот Матео Салвини изјави дека ќе се оданочува профитот кој банките го остваруваат од високите каматни стапки, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“.

„Доволно е само да се погледне профитот кој банките го остварија во првата половина на 2023 година, како и резултатите од зголемените каматни стапки на Европската централна банка, за да се сфати дека не зборуваме за неколку милиони евра, туку за милијарди“, изјави Салвини.

Банките имаа корист од зголемените каматни стапки бидејќи оваа година „скокнаа“ каматите кои ги наплаќаат, а ги намалија расходите за каматите кои ги исплаќаат на штедачите.

Минатиот месец најголемата италијанска банка Интеса Санпаоло, имала нето-профит кој ги надминал и самите очекувања на банката, бидејќи во периодот април – јуни регистрирала нето-заработка од 2,27 милијарди евра повеќе одошто предвидела.

„Бенк од Америка“ (Bank of America) проценила дека италијанската влада би можела со новиот данок да дојде до приходи во износ од две до три милијарди евра, со што заработката на банката би се смалила за два до девет отсто.

Неочекуван приход имаат и енергетските компании што за нив е чиста добивка, но имаат и начини да избегнат екстра данок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...