Извор: Фејсбук профил на Радмила Шекеринска

Рано утрово потполковникот на Армијата на РСМ заболен од ковид-19 од Централноафриканската Република е префрлен во Скопје и е сместен на Инфективната клиника. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска напиша на Фејсбук дека директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ потврдила дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен.

„Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација“, напиша министерката Шекеринска.

Потполковникот на Армијата на РСМ учествувал во Европската мисија во Централноафриканската Република, а минатата недела било тестиран позитивен на ковид-19, и по препораки на медицинските експерти од мисијата, тој со медицинска евакуација во соработка со европските служби за надворешни односи е префрлен на лекување во Скопје. Потполковникот е суспектен на јужноафриканскиот сој на корона вирусот.