Нема одговор од Меџити зошто ја смени директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ

Според информациите на Мета.мк, Стевановиќ не добила прецизно објаснување зошто повеќе не е медицински директор, а од Министерството за здравство единствено информираа дека ѝ бил истечен мандатот

-

Милена Стевановиќ, по 7 години директор на Инфективната клиника во Скопје, повеќе не е на функцијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на нејзината досегашна  позиција – медицински директор, го постави д-р Фадил Цана.

Во јавноста има голем број реакции околу смената на Стевановиќ, дотолку повеќе што таа раководеше со клиниката во еден од најтешките периоди за здравството, за време на пандемијата со ковид.

Според информациите на Мета.мк, Стевановиќ не добила прецизно објаснување зошто повеќе не е медицински директор, а од Министерството за здравство единствено информираа дека ѝ бил истечен мандатот, и истиот не бил продолжен.

„Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период спореведни се конкурси во три јавно здравствени установи за избор на 4 директорски места“, изјавија од Министерството за здравство, па оттаму, по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана, согласно доставените документации.

На конкурсите за останатите две клиники се избрани досегашните директори.

Па така, на Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК), по спроведените конкурси, мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.

На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров, односно досегашниот директор.

„Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство“, изјавија од Министерството за здравство.

Д-р Милена Стевановиќ е дел од Централниот одбор на СДСМ.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...