fbpx

Нови 186 случаи на ковид-19 за едно деноноќие

-

Во последното деноноќие се направени 1.674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Регистрирани се 85 оздравени пациенти во последните 24 часа, а починати се седум лица – еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43, 60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата сега изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на ковид-19, четири деца и четири мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се три, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...