fbpx

Меџити: Не можеме да ја тужиме градежната фирма на кичевската болница, по вина на Министерството украдени се 500.000 евра

Министерот рече дека помеѓу првата фаза и втората фаза од изградбата, при преземањето на објектот од Министерството за здравство од градежната фирма, објектот останал без безбедносни мерки од министерството, и во тоа време биле украдени материјали вредни 500 илјади евра, пишува Порталб

-

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вчера на брифинг со новинарите во врска со изградбата на новата болница во Кичево изјави дека во процесот на градење на објектот имало пропусти од страна на Министерството за здравство и се украдени материјали за работа во вредност од 500 илјади евра, а во меѓувреме додаде и дека во тек е процесот на преземање на објектот од страна на Министерството за здравство и следната година се очекува да се отвори нов тендер за доизградба на оваа болница, објави Порталб.мк.

Новата Општа болница во Кичево која се гради веќе три децении, според веќе раскинатиот договор се очекуваше да биде завршена во 2024 година. Уште од потпишувањето на овој договор на терен не се извршени никакви градежни работи, односно втората фаза од овој објект не е реализирана.

Порталб.мк го праша министерот за здравство Фатмир Меџити дали ќе има тужба или казни за штетата што ја направила градежната фирма која не го изградила објектот на болницата. Министерот Меџити рече дека нема да има, бидејќи во изградбата на болницата имало пропусти од страна на министерството.

„Има пропусти и од самото министерство, разговаравме со државното обвинителство, забележавме дека градежната фирма не била платена речиси 10 години, евидентиравме неколку пропусти. Сега треба да ја процениме состојбата, дали ние како министерство сме должници, а за тоа треба време“, изјави министерот Меџити.

Тој нагласи и дека ја активирале банкарската гаранција, но нејзината сума била многу мала, односно за 20 години добиле околу 25 илјади евра.

Што се однесува до следниот чекор, министерот рече дека се во фаза на преземање на објектот и потоа истиот ќе се осигура, ќе се процени колку е изграден и потоа ќе се распише нов тендер.

За тоа што се случило со новата болница во Кичево, министерот рече дека помеѓу првата фаза и втората фаза од изградбата, при преземањето на објектот од Министерството за здравство од градежната фирма, објектот останал без безбедносни мерки од министерството, и во тоа време биле украдени материјали вредни 500 илјади евра.

„Помеѓу првата и втората фаза од изградбата, градежната фирма испратила документ до Министерството за здравство за министерството да го преземе објектот за да има нов тендер и тука имало пропусти од страна на министерството и биле украдени кабли од бакар за кислород во вредност од 500 илјади евра. За ова има податоци и во полиција и во обвинителството“, рече министерот Меџити.

Порталб.мк достави прашања до Министерството за внатрешни работи, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор

Маратон на неуспеси

Во август 2023 година, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити најави дека договорот со градежната фирма ќе се раскине, бидејќи на терен не се одвиваат градежните работи.

На 11 декември 2023 година, министерот за здравство Фатмир Меџити на една прес конференција изјави дека договорот е раскинат.

На 9 декемвриПорталб.мк ги објави договорите за изградбата на кичевската болница, едниот од 2014 година, а другиот од 2021 година, со вкупна вредност од 9 милиони евра за двата проекта.

На 2 ноември, на прес-конференција на прашањето на Порталб.мк околу тоа дали договорот е раскинат, тој рече дека се очекува договорот да биде раскинат во рок од една недела.

На 13 ноември 2023, Порталб.мк на прес-конференција повторно го праша министерот за здравство дали го раскинале договорот, при што тој изјави дека разгледуваат неколку дилеми со Владата за министерството да не претрпи штета како последица на едностраното раскинување на договорот.

Во ноември 2022 година, тогашниот министер, Беким Сали изјавил дека за Општата Болница во Кичево се издвоени 60 милиони денари.

Во март 2021 годинаМинистерството за здравство, во времето кога министер за здравство беше Венко Филипче, потпиша договор за стручен надзор врз градежните работи за реконструкција, пренамена, адаптација, изградба и доградба на општата болница во Кичево. Но, на терен не се работеше, односно немаше никаква активност.

Во 2019 година, Министерството за здравство објави јавен оглас за градежните компании за реализација на втората фаза од Општата болница во Кичево. На овој оглас конкурираше фирмата ИНКОМ Инџиниери – Скопје. Во проектот се објаснети сите недостатоци од првиот проект и на што треба да се фокусира втората фаза од изградбата.

Во септември 2017 година, поранешниот министер за здравство, Aрбен Таравари ја посети болницата и за медиумите изјави дека се издвоени средства за доизградба на болницата, со ветување дека до април 2019 година болницата ќе биде готова.

Во декември 2015 година, Државниот секретар на Министерството за здравство, Насуф Ипче во една изјава за ТВ Гура повторно вети дека во 2017 година Кичево ќе има нова болница.

Во декември 2015 година, Ипчe ја посети болницата и вети дека во 2017 година ќе биде завршена и првата и втората фаза.

Во 2013 година, Владата донесе одлука за започнување на голема инвестициска операција на овој болнички објект. Според министерот за здравство, градежните работи требаше да завршат во рок од 18 месеци (септември 2014).

Но, и покрај тоа, ова ветување не се исполни. Во меѓувреме жителите на Кичево се принудени здравствените услуги да ги добиваат во старата болница, која не ги задоволува потребните услови.

„Што се однесува до одделенијата, како одделението за интерни болести, гинеколошкото, акушерското одделение имаат задоволителни услови, истите се сместени во малку понови објекти и имаат нова и современа опрема. Што се однесува до амбулантите, итната помош, инфективните болести и урологијата, условите се далеку од задоволителни, слободно можам да кажам дека се лоши. Болницата има потреба од подобри услови, кои се надеваме дека ќе ги имаме кога ќе се преселиме во новиот објект“, пишува Порталб.

Од 1985 година до 2013 година, Општата болница во Кичево е во мизерна состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...