петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Кичево | 90 резултати

Мицкоски ја славеше победата во Кичево, порача дека е свесен за големиот број граѓани што не излегоа да гласаат

ноември 3, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски ја славеше победата на ВМРО ДПМНЕ во Кичево, каде како градоначалник во вториот круг беше избран нивниот кандидат Александар Јовановски, кој го победи Фатмир Дехари од Националната Алијанса за интеграција. Јовановски освои над 14.000 гласови, или 2.000 повеќе од Дехари, а излезноста во Кичево беше над 50 проценти. Мицкоски пред граѓаните порача […]

Вирален аудио материјал со сексуална и коруптивна содржина се поврзува со Фатмир Дехари

октомври 15, 2025

На социјалните мрежи во општина Кичево кружат прислушувани материјали, во кои што се слуша глас за кој се вели дека е на градоначалникот на општината, Фатмир Дехари, со експлицитна, сексуална, коруптивна содржина, со навреди, пцовки и други работи, објави „Порталб“. Иако од медиумот контактирале со Дехари, тој не дал коментар за прислушуваните материјали, а во „Порталб“ […]

Лишен од слобода возач во Кичево, со возило удрил во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна починал

август 26, 2025

На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 06:55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот […]

Две малолетнички од кичевско загинале во несреќа со четирицикл

август 22, 2025

На локален пат во село Колибари, кичевско, 15 годишна малолетничка од селото, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот, а од здобиените повреди на местото на несреќата починале и таа и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница, информираат во Министерството за внатрешни работи. „Лекар констатирал смрт, а по […]

МВР поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, дозволил да се формира дива депонија во Кичево

јули 29, 2025

Во 2020 година, градоначалникот на Киево, Фатмир Дехари, дозволил да биде формирана дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработени секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, […]

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

јули 14, 2025

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отчетот во Царинската управа за резултатите од работењето. Мицкоски не прецизираше уште колку пари ќе бидат потребни за завршување на […]

Кривични пријави за петмина вработени во „Комуналец“ во Кичево

јуни 17, 2025

Директор на Јавно комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, во периодот од 2020 година, постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата, формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. Против него и против […]

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

мај 11, 2025

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“. Околу 7 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било […]

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

април 19, 2025

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата учествувале три патнички возила – „мерцедес“ управуван од З.Д. (64) од Битола, „форд“ управуван од А.Р. (63) од кичевското село Горно Страгомиште, и […]

Тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар, тројца загинати, осум повредени

април 19, 2025

Три лица загинаа, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Кичево–Гостивар. Во несреќата учествувале три возила, а увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидни екипи од Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случи ноќта на 18 април нешто пред 21 часот помеѓу Кичево […]

Полицијата разговарала со уште еден 17-годишник, го отстранил државното но и албанското знаме во Кичево

ноември 30, 2024

Полицијата информираше дека денеска повикала на информативен разговор малолетник од Кичево, кого го идентификувале откако прегледале видео на социјалните мрежи. Малолетникот бил повикан на разговор вчера, на 29.11.2024 година, откако претходно полицајците од ОВР Кичево погледнале видео снимка на социјалните мрежи во која се гледа дека тој го нарушува јавниот ред и мир со неовластено […]

Приведен маж од кичевското село Бачишта – пукал на свадба, повредил тројца

јули 28, 2024

Министерството за внатрешни работи соопшти дека рано утрово, во 3:00 часот по полноќ, полицијата во Зајас го привела 46-годишниот Б.У. од кичевското село Бачишта кој бил вратен од привремена работа во Австрија. Тој претходно вечерта на свадба во с. Бачишта пукал од пиштол марка „Смит и Вестон“ во сопственост на татко му, Р.У. (64) и […]

АНАЛИЗА (ПРВ ДЕЛ): Koлку пари од наплата на даноци и комуналии оствариле Арачиново, Гостивар, Дебар и Кичево?

март 12, 2024

Голем дел од општините минатата година не успеаа да ги реализираат буџетските планови. Има потфрлање кај наплатата на данок на имот, данок на доход, на добивка. Главен „извор“ на приходи на локалните буџети се државните трансфери. Најголема буџетска „издашност“ се платите, придонесите, комуналиите, пишува Порталб.мк. Стотици илјади евра се трошат и на основа на „договорни […]

Лажни дојави за бомби во објекти во Охрид и Кратово

февруари 28, 2024

Дојави за бомби денеска стигнале на адресите на неколку институции и бизниси во Охрид и Кичево, а за сите било утврдено дека се лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Утрово околу 10 часот, полицијата добила пријава за поставени бомби во едно училиште, хотел, такси-компанија и два деловни објекти во Охрид. СВР Охрид и припадници […]

Приведено лице што со автомобил удрило во полицаец кој го регулирал сообраќајот во Кичево

февруари 16, 2024

Додека го регулирал сообраќајот на кичевските улици, полициски службеник вчера завршил со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), настанот се случил околу 8 часот наутро на кружен тек. Во полицаецот удрил 23-годишен жител од кичевското село Длапкин Дол кој управувал автомобил „опел“ со охридски регистарски […]

Земјотрес во Албанија близу Елбасан, почувствуван во Охрид и во Кичево

февруари 8, 2024

Денес во 6 часот наутро е регистриран земјотрес во Албанија, чиј епицентар се наоѓа 130 км југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени, известува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци, од опсерваторијата велат оти земјотресот бил почувствуван во југозападниот дел од државата, вклучувајќи и во Охрид и Кичево, […]

Во Кичево стапуваат заштитни мерки поради алармантно ниво на загадување

јануари 25, 2024

Поради високото ниво на загадување, во Кичево стапуваат на сила мерки и препораки со цел заштитување на здравјето на граѓаните, извести Министерството за животната средина и просторно планирање. Мерките вклучуваат ослободување од работа за бремените жени и лицата постари од 60 години, како и скратувањето на работното време на половина за тие кои работат на […]

Кликбејт наслов дека мајката на починатото девојче од Кичево се огласила со шокирачка изјава

јануари 15, 2024

Мајката на починатото двегодишно дете од Кичево воопшто се нема огласено со некаква шокирачка изјава за јавноста, туку станува збор за изјава што ја дала во полициска станица пред полициски службеници уште кога детето се повредило. Не се познати околностите зошто таа кажала дека детето се повредило при детска игра, ниту дали била запознаена за […]

Меџити: Не можеме да ја тужиме градежната фирма на кичевската болница, по вина на Министерството украдени се 500.000 евра

декември 28, 2023

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вчера на брифинг со новинарите во врска со изградбата на новата болница во Кичево изјави дека во процесот на градење на објектот имало пропусти од страна на Министерството за здравство и се украдени материјали за работа во вредност од 500 илјади евра, а во меѓувреме додаде и дека во тек […]

Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на ПМ 10 честички во Кичево и Струмица

декември 21, 2023

Прагот на алармирање на суспендираните честички со големина од 10 микрометри (ПМ 10 честички) е надминат на мерните места во Кичево и Струмица, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Поради ова, во овие два града ќе стапат на сила препораки и мерки. Согласно мерките и препораките, МЖСПП во соработка со Министерството […]

Страна 1 од 5