fbpx

Меџити: Идната недела ќе го раскинеме договорот за изградба на болницата во Кичево, ќе има нов тендер

Финализирање на градежните работи властите ветуваат веќе 37 години. Објектот е претворен во локација која како туристичка точка ја посетува секој нов министер за здравство, но иако времето тече, тој останува неизграден, пишува Порталб.мк

-

Се очекува идната недела Министерството за здравство да го раскине актуелниот договор за изградба на кичевската болница и да објави јавен оглас за нов тендер за доизградба на овој објект, кој е почнат да се гради уште во 90-тите години, пренесува Порталб.мк.

„Новата“ болница во Кичево е објект кој се гради од 1989/1990 година, но никако да се доизгради и да се стави во функција. Финализирање на градежните работи властите ветуваат веќе 37 години. Објектот е претворен во локација која како туристичка точка ја посетува секој нов министер за здравство, но иако времето тече, тој останува неизграден.

Денеска на прес-конференцијата министерот за здравство Фатмир Меџити на прашање од Порталб.мк одговори дека идната недела министерството ќе го раскине договорот со компанијата одговорна за изградбата на овој објект и дека ќе има јавен оглас за нов тендер.

„Како што многупати сум нагласил, ова е една 33-годишна компликација, пред да дојдам разговарав со целата проектантска единица што ја имаме во рамките на Министерството за здравство и следната недела ќе го раскинеме стариот договор за изградба на болницата, а потоа, нормално, ќе ги следиме процесите за распишување на нов тендер и ќе започнеме со работа за реконструкција на оваа болница. Така, оваа болница еднаш засекогаш ќе профункционира и граѓаните од овој крај што е можно поскоро ќе ги добијат најдобрите здравствени услуги“ изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Уште од август годинава Mинистерството за здравство  го најави раскинувањето на договорот со компанијата одговорна за изградбата на овој објект, поради неизвршување на работите на терен.

Директорот на кичевската болница, Станко Трпески, на прашањето на Порталб.мк околу тоа дали има информации кога ќе биде пуштена во употреба новата болница, кусо одговори дека објектот е под надлежност на Министерството за здравство, дека нема информации кога ќе заврши изградбата и одби да одговори на другите прашања.

Општата болница во Кичево, проект од 90-те години кој никако да заврши

Болницата во Кичево функционира во неколку различни објекти, поделени на одделенија. Изградбата на нов и соодветен објект започна пред две децении, односно во 1989/90 година. Оваа мисија ја започна Демократската унија за интеграција, која многупати ветуваше реализација на овој проект. Последен пат, како капитален проект, оваа болница е ветена во Промотивната платформа, на изборите во 2014 година и во Платформата во 2020 година. Ова ветување не е неисполнето.

Во мај 2021 годинаМинистерството за здравство, во времето кога министер за здравство беше Венко Филипче, потпиша договор за стручен надзор врз градежните работи за реконструкција, пренамена, адаптација, изградба и доградба на општата болница во Кичево. Но, на терен не се работеше, односно немаше никаква активност.

Во 2019 година, Министерството за здравство објави јавен оглас за градежните компании за реализација на втората фаза од Општата болница во Кичево. На овој оглас конкурираше компанијата ИНКОМ Инџиниери – Скопје. Во проектот се објаснети сите недостатоци од првиот проект и на што треба да се фокусира втората фаза од изградбата.

Во 2018 година немаше никакви значајни случувања за оваа болница.

Во 2017 година, од Министерството за здравство изјавија дека објектот ќе биде готов таа година.

Во 2016 година немаше никакво позитивно поместување кон реализација на овој долгогодишен проект. Покрај проблемот со просторот, болницата продолжи да има и разни други проблеми.

На крајот на 2015 година, делегација на ДУИ предводена од државниот секретар на Министерството за здравство, Насуф Ипчја, ја посети болницата во Кичево, каде што се запознаа со процесот на работа во оваа болница и нејзиниот развој на инфраструктурен, кадровски и организациски план. Насуф Ипчја продолжи со ветувањето дека болницата ќе биде готова во 2017 година.

Во 2014 година, Владата донесе одлука за започнување на голема инвестициска операција на овој болнички објект. Според министерот за здравство, градежните работи требаше да завршат во рок од 18 месеци (септември 2014).

Но, и покрај тоа, ова ветување не резултираше со никакви конкретни чекори. И по три месеци кичевската болница и понатаму се соочува со бројни потешкотии. Директорот на оваа болница уште еднаш потврди дека условите во неа се тешки.

„Што се однесува до одделенијата, како одделението за интерни болести, гинеколошкото, акушерското одделение имаат задоволителни услови, истите се сместени во малку понови објекти и имаат нова и современа опрема. Што се однесува до амбулантите, итната помош, инфективните болести и урологијата, условите се далеку од задоволителни, слободно можам да кажам дека се лоши. Болницата има потреба од подобри услови, кои се надеваме дека ќе ги имаме кога ќе се преселиме во новиот објект“, пишува Порталб.мк.

Од 1985 година до 2013 година, Општата болница во Кичево е во мизерна состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...