fbpx
Таг: Кичево

таг: Кичево

Општините ќе ги делат субвенциите за инвертери во 10.000 домаќинства

Локалните самоуправи во Скопје, Тетово, Кичево и Битола ќе бидат задолжени за делењето на субвенциите за купување на инвертер клими во 10.000 домаќинства во земјава. Владата на вчерашната седница ги усвоила измените во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвоени 12 милиони евра за неколку намени, информираат од владината прес-служба. Наместо средствата да ги распределува...

Пругата кон Албанија ќе поскапи за 100 милиони евра ако се препроектира

Работната група за постапување по забелешките на УНЕСКО во моментов работи на предлог - решенија за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија. Од владата за „Мета.мк“ информираат дека финалното решение околу трасата на пругата Кичево - Лин ќе биде усогласено со препораките на УНЕСКО. - Во предлог - решенијата се инкорпорирани еколошките мерки кои треба да се преземат и меѓународни...

До крајот на ноември ќе биде комплетно реконструиран патот Гостивар – Кичево

Последната нереконструирана делница од патот Гостивар - Кичево ќе биде готова во текот на ноември. Трасата од Здуње до Гостивар е со должина од 4,6 километри, за чија обнова од Јавното претпријатие за државни патишта имаат издвоено 520.000 евра. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во...

Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената

Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за пругата кон Албанија беше...

Автопатот Кичево – Гостивар ќе почне да се гради во 2020 година

Македонската влада планира кон средината на следната година да ја започне изградбата на автопатот Кичево - Гостивар на Коридорот 8. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека во моментов се комплетира проектната документација за првата делница - од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. - Тендерот за избор на изведувач очекуваме да биде распишан кон крајот...

Сугарески: За автопатот Кичево – Охрид не се проектирале клучки

За еден месец ќе се знае колку ќе чини автопатот Кичево - Охрид, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов. Од 374 милиони евра од банката ЕКСИМ наменети за овој автопат, 220 милиони се неискористени, и главната цел на Министерството за транспорт и врски ќе биде во Собранието да се пренаменат овие пари. „Овие пари би се користеле...

Запленети 91 килограм марихуана во Кичево, тројца приведени

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера во Кичево привело три лица од Скопје и запленило 91 килограм марихуана. Против тројцата, како и уште против три други лица, две од Струга и едно од Скопје, се поднесени кривични пријави. Како што објасни портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, марихуаната била набавена во Албанија, а требало со автомобил да биде транспортирана до Скопје....

Владата го блокираше поскапувањето на водата од „Студенчица“

Владата на денешната седница го блокираше поскапувањето на водата за корисниците на Јавното претпријатија за водоснабдување „Студенчица“ од Кичево. Како што стои во владиното соопштение, бил разгледан Тарифникот за утврдување на цените на водни услуги од Регионалниот водовод „Студенчица“ и е донесена одлука да не се даде согласност за покачување на цената на водата што го предлага Регулаторната комисија за...

Тешка сообраќајка кај Кичево, загина тримесечно бебе, пет лица се повредени

Тримесечно бебе загина, а пет лица се повредени попладнево во тешката сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу селата Србјани и Староец. Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило. Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, а сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.

Деветмина повредени во верижна сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Во верижен судир на три возила што се случил вчера на патот Гостивар - Кичево во близина на отворените сепарации над Гостивар, биле повредени девет лица, информираше СВР Гостивар. Трите автомобили - голф, лупо и киа, биле со гостиварски регистарски таблички. Судирот се случил околу 17.30 часот, а во него тешки телесни повреди задобил возачот на автомобилот „фолксваген лупо“, 58-годишниот...

Завршен проектот за пруга од Кичево до Албанија

Изработена е проектна документација за изградба на железничка линија Кичево – границата со Република Албанија, извести Министерството за транспорт и врски. За овој проект утре на настанот што ќе се одржи во 9.30 часот во ЕУ-инфоцентарот во Скопје, ќе зборува и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Ахмети објави победа во Тетово, Струга, Кичево, Чаир и во Сарај

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва објави победа на кандидатите за градоначалници од неговата партија во клучните општини со големо албанско мнозинство, како Тетово, Чаир, Струга, Сарај, Дебар, Липково, Долнени, Теарце и Кичево. - Тука сум да ја потврдам веста за големата победа на ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце и во Кичево - соопшти Ахмети. На...

Ахмети: Дехари работел и ќе работи во интерес на сите кичевци

На градскиот плоштад во Кичево, денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара сите граѓани на општината од сите националности да гласаат за кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник од партијата, Фатмир Дехари, велејќи дека тој покажал дека умее да се грижи за сите. И самиот Дехари нагласи дека ќе биде добар градоначалник за сите. - Ви ветувам дека и во...

Искршени стаклата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во село Другово

Непознато лице вчера во село Другово, Кичевско, ги искршило стаклата на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, наведува МВР во полицискиот билтен. „Во времето од полноќ до 16 часот, во село Другово– Кичево, непознат сторител со употреба на тврд предмет искршил две стакла од објектот кој се користи како штаб на политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Увид на местото на настанот е извршен и се...

Заев: Правда во Македонија ќе има, да не се делиме по етничка основа

На предизборниот митинг во Кичево, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, вечерва најави подобри времиња и поубав живот за сите во земјава. - Во декември лани сите сплотени одржавме лекција на цел свет. Соборивме режим со пенкало и со глас. Ние немаме предрасуди, шарени сме во коалицијата, нè има од сите етнички заедници затоа што оваа наша земја е на...

Починал носителот на независна листа што беше застрелан во Кичево

Носителот на независна листа на советници во Кичево, 40-годишниот Алит Абази, кој на 27 септември во центарот на Кичево беше застрелан, утрово починал на КАРИЛ во скопскиот Клинички центар. Абази од ранувањето беше во критична состојба на интензивна нега, поради сериозни повреди на абдоминалните органи и на ’рбетот. Врз Алит Абази, како и Дестан Абдиу, шеф на неговиот изборен штаб, и...

Само половина кампања, а цела серија инциденти, крв, насилства…

Предизборната кампања за локалните избори е веќе на половина, а е силно обележана со насилство, крв, солзи, палки, куршуми и со демолирање изборни штабови. Во најновиот случај, Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, и Аднан Мемет, шеф на неговиот изборен штаб, вчера изеле ќотек во населбата Шуто Оризари. Според тоа што го кажаа, четири непознати лица физички го нападнале прво...

Жена загинала во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Во сообраќајка што утрово се случила на патот Гостивар - Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, животот го загубила 54-годишна жена од струшкото село Октиси. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила во 7.40 часот, кога автомобил „форд мондео“ со италијански регистарски таблички, управуван од И.И.(54), излетал од патот и удрил во бетонски мост. Од повредите починала И.И. (54) од...

Обвинителство ќе бара притвор за напаѓачот во Кичево кој рани носител на советничка листа

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар извршил увид во центарот на Кичево, на местото каде што синоќа во вооружен инцидент ранети беа три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази. „Според првичните сознанија, до инцидентот дошло кога лицето А.А. од зад грб истрелало неколку куршуми од пиштол кон А.А. и А.Д. При нападот,...

Украдени златници, девизи и накит од куќа во Кичевско

Две непознати маскирани лица вчера наутро ограбиле куќа во кичевското село Мамудовци, при што одзеле 63 златни пари (даблони), 360 швајцарски франци и друг разновиден златен накит, со што причиниле материјална штета од околу 30.000 евра, соопшти полицијата. Напаѓачите околу 10 часот влегле во куќата и со спреј-солзавец ја испрскале Р.А. (75) по очите, а потоа физички ја нападнале. Откако...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...