fbpx

Кликбејт наслов дека мајката на починатото девојче од Кичево се огласила со шокирачка изјава

Дополнително, не се утврдени околностите поради кои мајката во полиција при вршењето на службениот разговор, кажала дека детето се здобило со повреди при пад при детска игра, односно дали тоа го направила со знаење или без знаење дека детето е претепано.

-

Мајката на починатото двегодишно дете од Кичево воопшто се нема огласено со некаква шокирачка изјава за јавноста, туку станува збор за изјава што ја дала во полициска станица пред полициски службеници уште кога детето се повредило. Не се познати околностите зошто таа кажала дека детето се повредило при детска игра, ниту дали била запознаена за тепањето кое претходело. Насловот е кликбејт и од него се добива впечаток дека огласувањето е после смртта на детето, што не е точно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Се огласи и мајката на починатото двегодишно дете од Кичево – нејзината изјава ги ШОКИРАШЕ СИТЕ.

Во склоп на објавата се споделува текст во кој се известува за 30 годишниот Ф.Д. од Кичево, татко кој е осомничен за кривичното дело убиство, односно дека на 18 декември ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, по што таа била хоспитализирана. По три недели девојчето починало, а таткото е лишен од слобода.

Во текстот кој се споделува, мајката на девојчето воопшто нема дадено изјава, односно таа се нема огласено, а уште помалку со изјава која ги шокирала сите. Насловот е невистинит. Единственото нешто кое се споменува во објавата, а е поврзано со мајката е во воведниот пасус каде е наведено дека „ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево кое во понеделникот почина во болница по 22 дена борба за живот“.

Целиот останат дел од текстот се однесува на информирање за случајот, но без она што се најавува во насловот – дека мајката се огласила со некаква шокантна изјава за сите.

Девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од каде nа 18 декември 2023 година во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево.

Полициски службеници извршиле службен разговор со неговата мајка, која изјавила дека детето се здобило со повредите при пад при детска игра, пишува во текстот.

Во врска со случајот Јавното обвинителство информираше дека е поведена истрага за убиство на дете во Кичево. Наредбата за спроведување истражна постапка е против едно лице за кривичното дело убиство предвидено во членот 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, се наведува во соопштението од Јавното Обвинителство.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека тврдењето оти мајката на починатото двегодишно дете од Кичево се огласила со изјава што ги шокирала сите и тоа ставено во насловот, претставува недостиг на контекст. Насловот е кликбејт, во кој се прави обид изјава на мајката, дадена пред органите на прогонот односно пред полицијата, да биде претставена како „огласување” на начин да се помисли како да се огласила пред јавноста со некаква шокантна изјава. Дополнително, не се утврдени околностите поради кои мајката во полиција при вршењето на службениот разговор, кажала дека детето се здобило со повреди при пад при детска игра, односно дали тоа го направила со знаење или без знаење дека детето е претепано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...