fbpx

Лани биле издадени 20.000 зелени картони повеќе во споредба со 2022 година

Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира Владата преку надлежна стручна интересорна комисија

-

Секое трето осигурано возило лани имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците што ги објави Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени картони, што е осигурување неопходно за возење во странство.

Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8 отсто повеќе од 2022 година. Осигурениците во зелени карти во 2023 година вложиле 1,3 милијарди денари (21,16 мил.евра).

„Зелената карта е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена масимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување“, наведено е во соопштението на АСО.

Сопствениците на возила лани вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност.

„Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милиони евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ. Граѓани, компании и институции осигурале повеќе од 697.700 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во 2023 година“, наведува АСО.

Граѓаните, компаниите и институциите лани купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 5,33 милијарди денари (86,75 мил.евра).

Бројот на издадени полиси за автомобилско осигурување за во земјава и во странство лани во однос на 2022 година е зголемен за 6 отсто, а нивната вкупна вредност е поголема за 6,5 отсто.

Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира Владата преку надлежна стручна интересорна комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...