понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: автомобили | 147 резултати

Продажбата на автомобилите на „Тесла“ во Европа во април падна за 52 отсто

мај 27, 2025

Сè повеќе европејци купуваат помалку возила од компанијата Тесла отколку порано, и покрај растечката побарувачка за електрични автомобили, според една студија, што се совпаѓа со трендот забележан во изминатите месеци, пренесува DW. Асоцијацијата на европски производители на автомобили соопшти дека во април биле продадени само 5.475 Тесла модели, што претставува пад од 52,6 отсто во […]

Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобили и автомобилски делови

април 29, 2025

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе преземе чекори за намалување на влијанието од неговите царини за автомобили и автомобилски делови, олеснувајќи дел од давачките наметнати на странски делови во автомобили произведени во САД и спречувајќи царините на автомобили произведени во странство да се насоберат врз веќе постоечките, пренесува Ројтерс. „Претседателот Трамп гради важно партнерство со […]

Полицијата одзеде десет возила поради предизвикување голема бучава и „диви трки“ во Скопје

април 6, 2025

Одземени се десет автомобили поради основано сомнение за нивна техничка неисправност, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од таму велат дека денес во СВР Скопје било пријавено оти на булеварот „Трета македонска бригада“ се одвиваат таканаречени „диви трки“ со автомобили кои предизвикуваат голема бучава. По пријавата, полицијата ги запрела возилата и привремено ги одзела. „На […]

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

март 27, 2025

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските компании што зависат од глобалните синџири на снабдување, пренесува Асошиејтед Прес. „Ова ќе продолжи да го поттикнува растот. Ефективно ќе наплатуваме 25% тарифа“ изјави […]

Владата се поднови со 45 „Шкода суперб“ за 2,2 милиони евра

мај 11, 2024

Склучен е договор меѓу Службата за општи и заеднички работи на Владата и Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје за набавка на 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг со времетраење од 36 месеци, покажува договорот објавен на веб-страницата за јавни набавки. Тој бил склучен на 30 април годинава, а вкупната вредност на договорот изнесува над […]

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

април 26, 2024

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција, соопштија денеска од Националното биро за осигурување (НБО) по информацијата дека од вчера осигурителните полиси поскапеа за 15 отсто. Цената за осигурување од автомобилска одговорност […]

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

април 26, 2024

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. Од таму велат дека по добиени известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената, направиле актуарски пресметки за проверка, при што било утврдено дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не […]

Запленети 22 патнички автомобили управувани од македонски државјани

март 18, 2024

Во дводневна заедничка акција на секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи (МВР), запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани. Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири се марка МЕРЦЕДЕС, три се марка АУДИ, две се марка БМВ, едно […]

Налепниците за возилата со ознаката „NMK“ ќе бидат бесплатни

февруари 5, 2024

Министерството за внатрешни работи информира дека донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните. „Тие ќе бидат на товар на МВР“, велат од Министерството. Претходно, одлуката беше дека налепниците со новото име на државата ќе чинат 50 денари. Тие можат да се […]

Лани биле издадени 20.000 зелени картони повеќе во споредба со 2022 година

јануари 15, 2024

Секое трето осигурано возило лани имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците што ги објави Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени картони, што е осигурување неопходно за возење во странство. Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси […]

Аерозагадувањето нема да го снема со 50.000 нови автомобили, колку што Скопје добило деценијава [инфографик]

септември 22, 2023

Европската недела на мобилност завршува денеска, а во изминативе денови низ македонските општини се одржаа бројни настани со возење на велосипеди и изјави на функционерите со поуки за користење на алтернативен превоз. Но, во реалноста, официјалните бројки говорат за пораст на бројот на возила во земјава, во услови и кога весникот Гардијан деновиве известуваше за […]

Железница не користиме, субвенции за нови возила немаме, климатските промени ги игнорираме [инфографик]

јуни 7, 2023

Транспортот учествува со 28 отсто во вкупните емисии на стакленички гасови во Македонија и во моментов се наоѓа на второ место меѓу изворите на штетни материи кои имаат негативно влијание врз климатските промени. Кај транспортот не постои интегриран пристап во водењето политика за намалување на количествата на јаглерод што ги произведуваат, а треба да се […]

Владата одлучи: За возилата ќе има налепници „НМК“, а не нови регистaрски таблички

мај 16, 2023

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на веќе постоечките регистарски таблици на возилата, предложена од Министерството за внатрешни работи. Од Владата велат дека со ставањето налепница на регистарските таблици, од една страна, во целост ќе се почитува обврската за означување на […]

Четири автомобили изгореа на улицата „Цветан Димов“ во Чаир

мај 8, 2023

Четири автомобили биле зафатени во пожар кој избувнал ноќеска во три часот по полноќ на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во СВР Скопје, во 3 част и 11 минути било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки […]

Булеварот „Цветан Димов“ со шест ленти ветен од Висар Ганиу и натаму останува блокирана артерија на Чаир

април 24, 2023

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ сè уште е предизвик за локалните власти и секојдневен проблем за граѓаните на Чаир, на кои поради гужвата во сообраќајот за да поминат еден километар пат им се потребни десетина минути, пишува Порталб.мк. Таканаречената улица „Кај Јахја Паша“ е една од најфреквентните улици во Чаир, и е главната артерија што ја […]

Мета факт: Владата не ги воведе ветените еколошки налепници за категоризација на возилата

октомври 25, 2022

Владата на Република Северна Македонија кон крајот на 2018 година вети воведување на еколошки налепници за категоризација на возилата, со рок за имплементација во 2019 и 2020 година. Ова ветување беше наведено во Програмата за намалување на аерозагадување на Владата на РСМ и до денешен ден е неисполнето. Извршната власт на 15 ноември 2018 година […]

Општина Тетово воведе зонско паркирање, половина на улица половина на тротоар

септември 20, 2022

Отежнато е минувањето за пешаците по тротоарите во горниот дел од улицата „120“, кај Зеленото пазарче во Тетово, бидејќи покрај узурпацијата од страна на тамошните продавачи, Општина Тетово со согласност на СВР Тетово воведе зонско паркирање кое половината е на тротоар. Од СВР Тетово велат дека пред да биде ставен во функција, ќе се провери […]

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години [инфографик]

август 27, 2022

По македонските патишта се вози крш од возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата […]

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

август 11, 2022

Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”. Со мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово е планирано да се произведуваат електричните возила […]

„Градски паркинг“ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места [инфографик]

август 1, 2022

Наместо да се решава проблемот со паркирање во Градот Скопје, главниот град од година во година се соочува со поголем проблем поради хаосот во паркирањето. Градската администрација и јавното претпријатие „Градски паркинг“ се насочени кон издавање на нови бесплатни дозволи за паркирање, но не и кон изградба и инвестирање во монтажни гаражи, катни гаражи и […]

Страна 1 од 8