Булеварот „Цветан Димов“ со шест ленти ветен од Висар Ганиу и натаму останува блокирана артерија на Чаир

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ сè уште е предизвик за локалните власти и секојдневен проблем за граѓаните на Чаир, на кои поради гужвата во сообраќајот за да поминат еден километар пат им се потребни десетина минути, пишува Порталб.мк

-

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ сè уште е предизвик за локалните власти и секојдневен проблем за граѓаните на Чаир, на кои поради гужвата во сообраќајот за да поминат еден километар пат им се потребни десетина минути, пишува Порталб.мк.

Таканаречената улица „Кај Јахја Паша“ е една од најфреквентните улици во Чаир, и е главната артерија што ја поврзува оваа општина со центарот на Скопје. Долги години улицата е „кошмар“ за возачите кои за да го поминат овој пат треба да се соочат со несовесните граѓани кои ги паркираат своите автомобили на сред пат, но и со пешаците кои ја преминуваат улицата и таму каде што нема премини за пешаците.

Булевар „Цветан Димов“ / Фото: Суад Бајрами

Од општина Чаир за Порталб.мк велат дека во тек е проектирањето на документацијата за евалуација на имотите.

„Ние како општина сме во постојана координација со Град Скопје како носител на оваа капитална инвестиција која е од особено значење за жителите на Чаир и која претставува решение за повеќегодишниот сообраќаен хаос. При крај е последната фаза од проектирањето на документацијата и почетокот на евалуацијата на имотите кои се опфатени со овој проект. И јавно и во нашата официјална комуникација со Град Скопје сме ја изразиле нашата подготвеност и ги ставаме на располагање сите наши капацитети за реализација на овој проект“, велат од општина Чаир.

Порталб.мк испрати прашања и до Град Скопје, но до објавување на овој напис од таму не добивме никаков одговор.

Досегашните активности не го решија проблемот со сообраќајот во оваа општина. За време на мандатот на градоначалникот Петре Шилегов, за време на полицискиот час, беше поставен зид за да им оневозможи возачите да свртат на сред улица. Меѓутоа, сообраќајниот хаос продолжува, при што најкритично е од делот каде што завршува надвозникот на Бит Пазар до надвозникот кај Јахја Паша, кои иако беа поставени за пешаците, може да се рече дека се скоро и неупотребени од нивна страна.

Актуелниот градоначалник за време на предизборната кампања вети дека со 7 милиони евра ќе го прошири овој булевар, со цел да се намали сообраќајниот хаос.

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ е еден од најважните проекти што ќе олесни сообраќајот и ќе ги забрза сообраќајните линии. Покрај тоа, поставувањето на велосипедските патеки ќе го намали загадувањето. Оваа сообраќајница со должина од 1.000 метри ќе биде проширена од двете страни на коловозот со ширина од 35 метри, ќе има 6 ленти и зеленило меѓу коловозните ленти, тротоари од двете страни и исто така и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Оваа инвестиција изнесува 7.000.000 евра“, гласеше ветувањето на градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, во неговата изборна програма „Избери живот, гласај зелено“.

Но, од 5 ноември 2021 година кога дојде на градоначалничката функција во Чаир помина година и пол, а состојбата на терен е сè уште иста.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...