Налепниците за возилата со ознаката „NMK“ ќе бидат бесплатни

Тие можат да се подигнат од секоја станица за технички преглед до 12 февруари

Фото: Порталб.мк

Министерството за внатрешни работи информира дека донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните.

„Тие ќе бидат на товар на МВР“, велат од Министерството.

Претходно, одлуката беше дека налепниците со новото име на државата ќе чинат 50 денари.

Тие можат да се подигнат од секоја станица за технички преглед, до 12 февруари.