Владата одлучи: За возилата ќе има налепници „НМК“, а не нови регистaрски таблички

Од Владата велат дека со ставањето налепница на регистарските таблици, ќе се почитува обврската за означување на новиот код на РСМ, а финансиските издатоци ќе бидат многу помали

-

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на веќе постоечките регистарски таблици на возилата, предложена од Министерството за внатрешни работи.

Од Владата велат дека со ставањето налепница на регистарските таблици, од една страна, во целост ќе се почитува обврската за означување на новиот код на Република Северна Македонија на регистарските таблици на возилата, а од друга страна, финансиските издатоци за ова решение се речиси неспоредливи со износот потребен за замена на регистарските таблици со нови.

„Во оваа насока е предвидено ставање налепници со „НМК“ ознака, на возила кои имаат таблици со „МК“ ознака, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци, за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица“, пишува во владиното соопштение.

Поставувањето налепници со ознака „НМК“ на регистарските таблици, според образложението од МВР, ќе биде олеснување и за транспортерите кои патуваат во Европската Унија. На овој начин, според МВР, тие ќе имаат можност, на траспортните возила да ги задржат постоечките таблици, со што ќе бидат заштитени од потребата за промени во целокупната документација во државите членки на ЕУ, што ќе се појави како потреба, доколку постоечките регистарски таблици, ги сменат со нови таблици во нашата држава.

Владата го задолжи МВР да изготви Правилник за изменување и дополнување на постоечкиот правилник со кој се уредуваат прашањата од овој домен.

Кон почетокот на февруари, МВР соопшти дека до 12 февруари 2024 година граѓаните ќе мора да извршат промена на регистарските таблички со онака „МК“ со ознаката „NMK“. Подоцна, во Министерството за внатрешни работи (МВР) беше формирана работна група која работеше на решение за регистерските таблички. Министерот Оливер Спасовски неодамна изјави дека се разгледува опцијата за воведување на налепници што би се лепеле на постоечките регистерски таблички, што впрочем беше и предложено до Владата.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...