fbpx

Почина Лев Рубинштајн, руски поет и критичар на Путин, шест дена откако беше удрен од автомобил

Тој во седумдесеттите и во осумдесеттите години на минатиот век, преку различни форми на уметност ги поништувал традиционалните норми од советската ера и ја критикува официјалната доктрина на социјалистичкиот реализам - идеологија истакната за време на Советскиот Сојуз

-

Рускиот поет Лев Рубинштајн (76), клучна фигура на советската андерграунд книжевна сцена и жесток критичар на претседателот Владимир Путин, почина шест дена откако беше удрен од автомобил во Москва, пренесе Би-Би-Си.

Тој беше удрен од автомобил на 8 јануари, по што беше неколку дена во кома.

Г-дин Рубенштајн беше познат по ко-основачот на концептуалистичкото движење.

Тој во седумдесеттите и во осумдесеттите години на минатиот век, преку различни форми на уметност ги поништувал традиционалните норми од советската ера и ја критикува официјалната доктрина на социјалистичкиот реализам – идеологија истакната за време на Советскиот Сојуз.

Организацијата за човекови права „Меморијал“ го опиша Рубинштајн како „остроумен и ироничен“. Оваа група е една од најстарите групи за граѓански права во Русија, но во декември 2021 година мораше да биде затворена бидејќи Москва ја интензивирала својата репресија поради војната со Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...