fbpx

САД со последна помош за Украина, за повеќе ќе треба одобрување од Конгресот

„Императив е Конгресот да дејствува што е можно поскоро за да ги унапреди нашите национални безбедносни интереси, помагајќи и на Украина да се одбрани“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен

-

САД објавија дека ќе испратат воена помош од 250 милиони долари за Украина. Сепак, станува збор за последната транша годинава, а за дополнителна поддршка кон Украина ќе треба ново одобрување од американскиот Конгрес, пишува Јуроњуз. Белата куќа веќе предупреди дека официјален Кијив ќе снема ресурси до крајот на годинава.

Во американскиот Конгрес преговорите меѓу републиканците и демократите се во застој, вклучувајќи ја и темата за идната воена помош за Украина. Од друга страна, Русија го смета намалувањето на воената помош за Украина од Западот како клучна за евентуална победа во Украина.

„Императив е Конгресот да дејствува што е можно поскоро за да ги унапреди нашите национални безбедносни интереси, помагајќи и на Украина да се одбрани“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Последната транша помош вклучува муниција за системи за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје.

Неуспехот на Конгресот да одобри нови средства е уште едно разочарување за украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неуспехот на летната контраофанзива што ја започна украинската војска и по обновениот притисок на руските сили против Украина.

Белата куќа претходно предупреди дека „ќе остане без ресурси“ за Украина „до крајот на годината“.

Десничарските републиканци во американскиот Конгрес ја условија својата поддршка за поголема американска помош за Кијив со заострување на имиграциската политика во САД. Разговорите за ова чувствително прашање не завршија со време. Американските пратеници ќе се вратат на прашањето за воената помош за Украина на 8 јануари.

Републиканските и демократските лидери на Сенатот изјавија дека имаат намера да одобрат нова транша помош, вклучувајќи воена, хуманитарна и економска помош. Токму во Претставничкиот дом, кој исто така мора да ги одобри овие средства, работите се комплицираат. Нејзиниот нов претседател, републиканецот Мајк Џонсон, не се противи на продолжувањето на американската помош за Украина, но тврди дека тоа „не е доволно регулирано прашање“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во најновото обраќање до јавноста изјави дека еден од најзначајните политички резултати годинава е договорот со партнерите, особено со САД, за заедничко производство на оружје. Тој објави дека украинската воена индустрија во моментов вработува 300.000 луѓе и ова претставува едно од најважните достигнувања на земјата.

„Веќе планираме меѓународни настани во јануари и февруари кои значително ќе ја засилат украинската моќ. Работиме на нови одбранбени пакети“, изјави Зеленски, додавајќи дека над 100 компании од воената индустрија од светот ќе бидат поканети на состаноци со претставници на украинската воена индустрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...