fbpx

Во земјава има супстандардни населби, за градоначалниците се невидливи

Градоначалниците на скопските општини не преземаат ништо за да ги решат проблемите со супстандардното живеење на ромската заедница

-

Идентификувани се 15 супстандардни населби, од кои повеќе од пет се лоцирани во градот Скопје во општините Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир и Шуто Оризари. Речиси секој град во Македонија има супстандардни населби во кои живее ромско население, покажува Извештајот во сенка за спроведувањето на Стратегијата за Роми реализиран од Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

Само во Скопје се лоцирани населбите Ќерамидница, Брсјачка Буна, Кванташки пазар, Злокуќани, Топанско Поле и Лука Геров што се составен дел на општините каде што се населила заедницата, честопати препознаена дека живее на почетокот на населбата „таму каде што завршува асфалтот“. Овие заедници се најранливи и најмногу ги чувствуваат последиците од климатските промени и како мерка за ублажување на климатски промени, државата мора да има и механизам за заштита на овие ранливи групи граѓани.

„Како резултат на неурбанизирањето на населбите каде што живее ромската заедница, ваквите населби немаат основна инфраструктура, луѓето живеат во несоодветни живеалишта, живеалиштата не се легализирани, луѓето најчесто се со нерегулиран граѓански статус, се развива животна средина која е загадена и дополнително негативно влијае врз здравјето и придонесуваа за намален животен век на ромската заедница“, вели Алберт Мемети, одговорен за истражувањето.

Од „Полиси брифот за урбаното живеење и подобрување на животот“ може да се заклучи дека најкритични се населбите Ќерамидница во општина Гази Баба, населбата Злокуќани во општина Карпош и дел од Топаана во општина Чаир. Овие населби се долгорочно населени населби со нејасен сопственички статус, живеалиштата не се легализирани, одредени делови немаат приклучок до основна комунална инфраструктура, а населението живее во импровизирани живеалишта.

„Целта на овој документ за јавни политики е да поттикне јавна дебата и да ги поттикне централната и локална власт кон креирање програми на локално ниво кои што ќе се насочат кон подобрување на условите за живот и урбанизација на населените места каде што живее ромската заедница во град Скопје“, додава Мемети.

Документот за јавни политики подготвен со користење на примарни податоци добиени преку анкетен прашалник на 152 семејства во општините – Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Чаир и Шуто Оризари може да се најде на овој линк.

Истражувањето е реализирано во април и мај 2023 година со опфат од 152 семејства, односно 529 лица. Околу 74% од живеалиштата во овие населби постојат повеќе од 5 години, што укажува на фактот дека се со постоење подолг временски период. Околу 2% од живеалиштата се само со временски период на постоење од 1 година, што дава индикации дека не се зголемува бројот на живеалишта.

„Најголем дел од живеалиштата кои не се легализирани се во Злокуќани, општина Карпош 12% и следи Лука Геров со 8%. Од живеалиштата кои што не може да се легализираат најголем дел 15% се наоѓаат во Ќерамидница, општина Гази баба, додека 2% од живеалиштата во Злокуќани. Неможноста да се легализираат овие живеалишта е поради тоа што нема урбанистички план и овие населби имаат и лоша инфраструктура. Предметите во постапка на легализација се поднесени во периодот 2009 – 2015 година“, завршува Мемети.

Во однос на сопственоста на живеалиштата, во најголем број речиси 68% се сопствени живеалиште, 11% импровизирани живеалишта, додека 21% се под кирија. Правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Затоа, секој граѓанин е подеднакво должен да го штити, чува и унапредува природниот екосистем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...